April 26, 2024, 10:07 am

ДИМИТРОВ И ЗАЕВ ГО БOJKОТИРАА СТЕВО: Бранко Црвенковски по долго време се појави во јавноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, присуствуваше на инаугурацијата на Стево Пендаровски во Претседател на Република Македонија.

Црвенковски ретко се појавува во јавност, па затоа неговото присуство го привлече вниманието на медиумите. Тој седеше веднаш до доскорашниот претседател Ѓорге Иванов и претседателот Пендаровски.

Пендаровски беше негов советник кога тој беше Претседател.

Од друга страна, премиерот Зоран Заев ја бojкотира денешната свечена инаугурација на новиот претседател на републиката, Стево Пендаровски.

Бројни високи државни делегации од соседството присуствуваа на свечената заклетва, но, премиерот не може да се забележи на снимките.

-Беше поканет и претседателот на владата на Република Македонија. – рече спикерот Талат Џафери додека ги набројуваше поканетите.

Во салата, присутни се и лидерите од соседството кои поминаа илјадници километри за да присуствуваат на свеченоста, но, Заев го нема. Дојдоа претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Република Албанија, Илир Мета и претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Покрај Заев, на настанот не е присутен и надворешни работи Никола Димитров. Скоро сите други министри во владата се во првиот ред.

Официјалното тврдење на Заев е дека ја бojкотира инаугурацијата затоа што е на годишен одмор во траење од 4 дена. Тој утринава на Стево му прати видео честитка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This