ДИМИТРОВ: Македонија ќе инсистиpa на одвojyвање од Албанија на патот кон ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за телевизијата Јуроњуз навести дека можеби е време Македонија да (за)чекори сама кон Европска унија, надвор од сегашниот „пакет“ со Албанија.

„Мислам дека дури и ако успее една од нашите две држави, тоа ќе биде добра вест за целиот регион. Се разбира, ние остануваме добри соседи и ја почитуваме желбата на Албанија да влезе во ЕУ. Но, сите треба да работиме за да создадеме позитивна динамика во овој процес. Ако не можете да дејствувате во тандем, тогаш е веројатно подобро да си ги испробаме силите самостојно“, изјави Димитров.

„Дали ќе помогне раздвојувањето на апликациите на Северна Македонија и на Албанија, сè уште не е јасно. Сепак, Скопје ќе инсистира токму на оваа варијанта“, се вели во прилогот на Јуроњуз на руски јазик.

„Ние, едноставно, немаме друга алтернатива. На еден или на друг начин, ќе влеземе во ЕУ, сигурен сум во тоа. Но, овој пат би бил полесен ако имавме пријатели во Европската комисија, како и потребните инструменти за влијание“, објасни Димитров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This