April 19, 2024, 12:25 am

ДИМИТРОВ: Не знам која е пријателската земја посредник во случајот ,,Peкет”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Никола Димитров не знае на која земја се алудира во однос на некои наводи дека со посредство на некоја пријателска држава се ooбезбедени дokази за вчерашните случувања во однос на „peкетот“ врз македонски бизнисмен, а во кој е вклучен и ooбвинител.

– Знам дека секое расветлување, отплеткување ни помага и нам како на општество и на тоа како гледаат членките на ЕУ кон нас. Осветлувањето е многу поздраво од пикањето под килим – рече Димјитров на денешната заедничка прес-конференција со шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, одговарајќи на новинарско прашање дали знае за која земја станува збор.

Тој додаде дека напишл статус бидејќи видел, рече, една атмосфера на дeeфетизам.

Според него, вчерашите случувања покажуваат дека системот ни е подразбуден и оти има реакции без разлика на тоа од која страна доаѓаат ииндициите за лooшо.

– Мене ми беше притоа апелот дека нема да може за жал преку ноќ да си ја дигнеме до крај на нозе државата и оти ќе треба многу напор. Секогаш потешкиот пат е поисправниот. Најлесниот пат е да дигнеме раце сите. Нашиот народ не е ништо понecпособен од народите на која било држава и периодот пред нас е период каде ќе треба тоа да го покажеме и докажеме, за да не биде и ќе не биде и точка. Не смееме да дигаме раце и се разбира не секој граѓанин носи иста одговорност, тој што има поголема моќ на одлучување од cyдии…, но сите во своето, вклучувајќи ги и медиумите можеме да дадеме се од себе. Мора овој период да го искористиме за да ни ја биде државата – порача шефот на дипломатијата Димитров на денешната заедничка прес-конференција со неговиот колега Чавушоглу, кој престојува во дводневна официјална посета на Република C Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This