April 24, 2024, 12:07 am

ДИМИТРОВ „ШТАНЦА“ ОДЛУКИ: Димитров потпишува одлуки за испраќање дипломати во странство по распишување на изборите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Никола Димитров потпишал одлуки за испраќање на извесен број на дипломати во македонските претставништва во светот, иако претседателските избори веже биле распишани.


Според документите до кои дојде Алфа ТВ, одлуката за избор на кандидати за пополнување на испразнети места во македонските ДКП-а, а по распишан интерен конкурс, Димитров ја потпишал на 19 февруари, додека решението за нивно упатување во странство, дополнително ќе биде донесено. Пред повеќе од една година, истиот министер објаснуваше дека тогаш, испраќањето на службеници во дипломатските мисии, трпи токму поради распишаните локални избори.

– Има извесен застој поврзан со локалните избори, дел правни пречки, дел поврзан со кампањата. Како МНР правиме се што можеме, наследивме многу тешка ситуација и сакаме што побрзо да ја пополниме дипломатската мрежа, бидејќи надворешна политика не се води само на ниво на министер и дипломати во министерството. Апсолутно е приоритет и правиме што е можно за да ја пополниме мрежата побрзо, меѓутоа и да го пополниме процентот на кариерни дипломати – изјави на прес конференција министерот Никола Димитров пред 15 месеци.

Сега, одлуката на Димитров, од МНР ја правдаат, со редовна годишна ротација во ДКП-та.

-Согласно прописите, на почетокот на годината се донесуваат одлуки за пополнување на испразнетите места во претставништвата, според утврдена постапка, која започнува во декември претходната година и трае до февруари во тековната година. Најголемиот дел од упатувањата се планирани за втората половина од оваа година. Актуелните одлуки немаат финансиски импликации и се донесени во законски спроведена постапка – велат од МНР за Алфа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This