ДИМИТРОВ ЌЕ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: До крајот на јули министерот за надворешни ќе го отстапи местото?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија и Грција се враќаат на пониско ниво на разговори за името откако во Њујорк по ден и половина разговори не беше постигнат договор меѓу двете земји. Доколку до крајот на јуни до Самитот на ЕУ и почетокот на јули до Самитот на НАТО, Македонија и Грција не најдат компромис и пропадне целиот процес на преговри, се шпекулира дека е можно повлекување на министерот за надворешни работи Никола Димитров, јавува весникот Вечер.

Министерот Димитров, образложувајќи го пакетот со предлог името Република Илинденска Македонија, изјави дека ако нема договор за овој македонски предлог двете земји ќе се вратат на ниво на разговорите кои се водеа во Виена и Охрид каде што се разговарало не за финалните прашања, туку за суштинските проблеми како опсегот. Низ кулоарите се говори дека тој во моментов е под огромен притисок бидејќи фокусот на оваа Влада со чело на Заев е токму на надворешната политика и изнаоѓање на решение, кое се чини не е теолку блиску колку што се прикажува пред јавноста. Недоаѓањето до решение со Грција ќе доведе до тежок крах на политиката на Заев кој изминатава година акцентот постојано го става на важноста на спорот со името и желбата за негово решавање.

Грчкиот весник „То вима” објави дека на преговарачката маса останаа само три предлози: „Горна Македонија”, “Нова Македонија” и „Северна Македонија”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This