April 24, 2024, 11:37 am

ДИМКОВ: “Власта ги игнориpaше Македонците од целиот свет во битолско Трново”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За прв пат после половина век, власта целосно ја бојкотира една од најзначајните манифестации што се одржува во битолското село Трново, во чест на големиот национален и верски празник Илинден. Во присуство на нашинци од дијаспората, гости од Албанија и Грција, на Семакедонската средба на која се одбележуваа – 48- та иселеничка средба и 39-тата погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, организаторите од Матицата на иселениците, од здружението “Македон“ и од Светскиот македонски конгрес, но и сите гости, имаа можност на дело да видат како овој пат Илинден наместо да обединува, разединуваше. На средбата во Трново присуствуваа и претставници од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и пратеникот Трајче Димков.

Toj на Фејсбук напиша дека средбата ја игнорирала и градоначалничката од Битола, која не испратила ниту претставник, а немало претставници ниту од Владата.

“Какви сме такви сме! Колку сме,толку сме,токму сме! Ова се нашите македонски работи,меѓу нас може да има битки,натпревари,судири на концепти,на интелектуална мисла,но меѓу нас МАКЕДОНЦИТЕ,ГРАЃАНИТЕ на МАКЕДОНИЈА не смее,ама,не смее да има различно мислење за РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Под мотото „Човекови права за сите и против секаква дискриминација и асимилација“, Се одржа 48. Семакедонска и 39. Погранична средба на Македонците ја организираа Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Светскиот македонски конгрес и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“. На ова средба присуствуваа Македонци од цел свет.

На ова средба присуствуваа од политичката партијата ВМРО ДПМНЕ,ПОДЕМ и Социјалистичка партија. На средбата говореше и Васил Стерјовски,пратеник во Собранието на Република Албанија и генерален секретар на македонската партија во Албанија”Македонска алијанса за европска интеграција”,. На средбата говореше и Архимандритот Никодим Церкњас или по наше Никола Черкнаов од Сбтско во Егејскиот дел на Македонија.

Поздравен говор одржа и Ефтим Митревски советник во советот на општина Пустец во името на градоначалникот на општина Пустец,господинот Пале Колефски.
(Така се прави кога градоначалникот не може да дојде си праќа свој преставник)

Но, во нашиот случај градоначалничката на Битола не присуствуваше на ниту еден настан поврзан со Илинден во Битола,не испрати ни свој преставник. Исто немаше преставник ниту од владата на Републука Македонија.

Почитувана власт не смеете да го игнорирате сопствениот народ не смеете да се криете.
Овој народ заслужува почит.
Овде треба да сме обединети”, напиша Димков.

Какви сме такви сме!Колку сме,толку сме,токму сме!Ова се нашите македонски работи,меѓу нас може да има…

Posted by Trajce Dimkov on Sunday, August 4, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This