April 25, 2024, 12:18 am

ДИМОВСКИ:Доколку СДСМ го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе дојде на власт не со 67 пратеници, туку со 100

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Излез од политичката криза на Македонија е Зоран Заев и СДСМ да ја отфрлат платформата од Тирана и да ја добијат поддршката од 51 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ или нови брзи предвремени парламентарни избори, вели Илија Димовски во гостувањето во вестите на Канал 5.

ilija-dimovski-kanal-5-640x389

Димовски потенцира дека доколку СДСМ го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе дојде на власт не со 67 пратеници туку со 100.

-На тој начин СДСМ ќе дојде на власт, не со 67 пратеници зад себе, туку со 100, а во исто време ќе го заштити и суверенитетот и унитарниот карактер на државата, отфрлувајќи ја Тиранската Платформа, тоа беше предлог од ВМРО-ДПМНЕ, и уште е актуелен предлогот, вели Илија Димовски.

Димовски дополнува дека на тој начин СДСМ ќе исполни две цели, а ВМРО-ДПМНЕ ќе постигне да дојде до заштитување на државниот и националниот интерес на Република Македонија.

Димовски вели дека вториот излез е да се организирааат брзи парламентарни избори, тој смета дека ситуацијата е тензична како меѓу партиите така и меѓу граѓаните.

-Создадена е една непријатна атмосфера, која што е диктирана од чувството на граѓаните дека некој на сила одлучува кој ќе биде власт во Република Македонија, а не врз база на легитимни и легални резултати од одржани избори, вели Димовски

Тој потенцира дека граѓаните претчуствуваат дека има сериозни обиди за редифинирање на државата, воспоставена врз консензуална волја на нејзините граѓани низ минатите 25 година.

-Чувстовото на сите граѓани е дека оваа состојба треба да се разреши, единствен начин на разрешување кој што би значел легитимно и  легално спроведување на процесите во иднина, e одржување на брзи предвремени избори, веројатно заедно со локалните избори, вели Димовски

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This