Димовски: Владеењето на СДСМ е погубно за земјоделието, 33 милиони наместо на Макпетрол можеа да се дадат за земјоделците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ситуацијата со оризот, тутунот и со грозјето, потврди дека ние како опозиција сме биле длабоко во право. СДСМ не може да се пофали со успешни земјоделски политики. Владеењето на СДСМ често пати е погубно за македонското земјоделство од гаснењето на големите индустриски комбинати, од распарчување на змејоделското земјиште и доделување на моќници, а сето тоа на штета на земјоделецот, вели Ључо Димовски пратеник на СПМ и коалицијата „За обнова на Македонија“

Димовски вели дека владата ги остави земјоделците на милост и немилост на откупувачите кои секогаш го гледаат личниот профит пред се.

– Жално е што последните информации од терен се такви, откупната цена на тутунот се движи од 130 до 150 денари за еден килограм отпирлика за една средно со квалитет кутија со цигари, тоа е крајно понижувачка ситуација за земјоделците. Во моментот задоволителна откупна цена би требало да биде од 180 до 200 денари во овој момент. Кај оризопроизводителите проблемот е кај неверојатно ниската откупна цена оод 18 денари, кои се понижување и изостанува организираниот откуп. Во моментов нарушена е довербата од земјоделците кој институциите кои ги оставија на милост и немилост на откупувачите, рече Димовски.

Димовски вели владата можела и морала да интервенира и да им помогне на земјоделците. Наместо да троши пари на сите страни каде не треба можеше тие пари да ги даде за земјоделците, како на пример 33 милиони дадени за Макпетрол.

– Власта треба да ја надмине своојата суета и да има слух за она што го предлага опозицијата. Оние 33 милиони евра што му се дадоа на Макпетрол на незаконски начин. Спогодбата е незаконска и како таква не може да биде предмет на закон и Собранието не е тоа кое треба да ратификува ваков закон помеѓу владата и Макпетрол. Со тие пари ќе имаше пари и за тутунарите и за оризопроизводителите и за лекарите и за здравствениот систем, секако. Тие пари можеа на многи посодветен начин на се искористат, истакна Димовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This