April 20, 2024, 12:40 am

ДИМОВСКИ ДО БУШАТИ: Би бил среќен доколку барем 50% од правата што ги имаат Албанците во Македонија вие се охрабрите и им ги овозможите на Македонците во Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија Албанците ги уживаат најголемите права што било кое немнозинско население ги видело во Европа. И тоа е наша предност и богатство. Да беа сите држава на Балканот со исти права кон немнозинските етнички групи, вклучително и Албанија, денес овој регион од Европа ќе се викаше Скандинавија, напиша Илија Димовски на својот Фејсбук профил обраќајки се до Дитмир Бушати, министерот за надворешни работи на Албанија.

Ilija-Dimovski-Sitel

Би бил среќен доколку барем 50% од правата што ги имаат Албанците во Македонија вие се охрабрите и им ги овозможите на Македонците во Албанија. Тоа ќе е европско однесување, а не секојдневното вмешување во внатрешните работи на Македонија и во внатрешното работење на неколку албански партии од Македонија од страна на вашиот Премиер.
До сега Албанците секогаш биле дел од македонските влади и повторувам тоа е добро. Мораат да бидат застапени и да имаат право да одлучуваат.
Но она што сега е проблем, не е во прашањето дали некој ќе владее над Албанците. Проблем е што албанските политичари помислија дека можат тие да одлучат кој е победник и кој има право да ги застапува, претставува и одлучува во име на Македонците.
Најдоа еден несреќен човек, спремен да даде се само за да се добере до власт, спремен да прифати било каква уцена, спремен да прифати редефинирање на единствената држава што ја имаат Македонците. И си рекоа, сега му е мајката.
Ама не разбраа и не видоа, дека ниту имаат право тие да одлучат кој ќе ги претставува и кој ќе одлучува во име на Македонците, ниту пак сакаа да прифатат дека народот не може да биде ниту заплашен, ниту уценет.
Помина времето кога за Македонците се одлучуваше во Букурешт, Берлин, Москва, Лондон.
Ние сме горд народ кој нема никогаш да изврши самоукинување и самопоништување, пишува Димовски до Бушати.

ilija-dimovski

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This