ДИМОВСКИ ДО КОСТАДИНОВ: Се што правевте во минатото ви се yдpи од глава денес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во емисијата „Топ Тема“ гостуваше Илија Димовски кој што посочи дека вистината за владеењето на СДСМ се откри, се виде вистинското лице на Зоран Заев каде што јасно се слуша дека ниту една одлука Врховен не може да донесе без негово одобрување. Во Македонија нема правда поради СДСМ и Зоран Заев, тие го контролираат целокупниот судски систем во државата.

„Добро е што го коментирате првиот дел од изјавата на Јово Вангеловски ама е лошо што не го коментирате вториот дел од изјавата од него. Таму кажува дека сите оние судии во Врховен суд кои што ги слушале насоките од Владата се унапредени. И ги има по име и по презиме. А, сите оние кои што се спротивставиле на насоките од Владата се разрешени, 3-4 судии во меѓувреме во последните неколку месеци отстапка на Републичкиот судски совет под контрола на една судијка од Струмица се разрешени. Значи тоа е вториот дел од изјавата на Јово Вангеловски“, појасни Димовски.

Димовски додаде дека околу снимката што излезе за Зоран Заев, многу е слатко кога ќе слушнете човек од СДСМ или кога ќе прочитате човек од СДСМ на социјалните мрежи коментира сечени, лепени и монтирани. Тоа народски кажано е со свој камен по своја глава.

„Јас ќе потсетам што беа сечени, лепени, монтирани снимки кои што имаа зла компонента во себе како снимките сечени, лепени за Мартин Нешкоски, за „Монструм“, за Никола Младенов. Кои што имаа за цел да насочат револт на граѓани спрема одредена политичка структура извртувајќи ја комплетно вистината, што на крај сето тоа се покажа и се докажа дека била целосна конструкција“, истакна Димовски.

Димовски образложи дека е доста јасно тоа што го кажува Заев во тој дел од разговорот што го слушна јавноста, кај тој што вели дека Врховен суд не може да донесе одлука без негово знаење и без негова насока. А, вториот дел од снимката од разговорот на Заев е кај што се докажа дека се што СЈО работи е во координација со него.

„Тој самиот вели дека Катица е во тек, знае што треба да постапи, знае кои предмети како треба да се третираат. И се поклопува со она дека предметите се тенденциозно отворени, оние во кои што се тангираат луѓе кои што соработуваа со СДСМ во минатите две – три години си одат по бавна трака, се повторуваат, поротници исчезнуваат, не се одржуваат рочишта итн. И почнуваат одново. А, пак во предметите каде што има луѓе кои што одбиле да соработуваат со СДСМ си тераат постапките, се закажуваат по 3, по 7 рочишта. „Титаник“ има по 7 рочишта месечно и се одржуваат“, нагласи Димовски.

Димовски појасни дека се знае кои предмети се третирани од почеток, се знае кои предмети не се одржуваат. И се знае кои предмети не се третираат. И сето тоа си има јасна линија на поделба.

„Дали ова што произлезе од снимката на Заев е логично или не? Значи имате јавен обвинител на Република Македонија кој што е назначен од Собрание, кај што има мнозинство СДСМ по предлог на Влада која што ја води исто така СДСМ. Имате Републички судски совет кој што е под целосна контрола на СДСМ, имате претседатели на судови кои што се назначени од истиот Републички судски совет, имате закони кои што 3 години СДСМ ги носеше, и имате СЈО кое што веќе не постои но кое што беше ударна тупаница – штаб на СДСМ. Минатите три години СДСМ и реално комплетно ја контролираше состојбата во судството“, рече Димовски.

Димовски потсети дека СДСМ се што можеше да распродаде, распродаде. Според „Транспаренси“ Македонија на степен за корупција е падната за 13 места и тоа сето се случи поради лошото владеење на СДСМ со државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This