April 18, 2024, 11:28 am

ДИМОВСКИ ДО СДСМ: Блокадата ја правите вие со тоа што правите постизборна манипулација и ја прифативте Тиранската платформа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Илија Димовски, до колегите од СДСМ денес порача да се откажат од манипулациите кои што постизборно сакаат да ги спроведат во Република Македонија и да се откажат од прифатената Тиранска платформа која што е причина за сите блокади што се случуваат во општеството.

ilija-dimovski-2-640x418

Сакам да апелирам како втора партија, да не ве наречам губитничка партија, да прифатите дека граѓаните не одлучиле вие да бидете победничка партија каква и постизборна манипулација да се обидувате да правите никогаш ќе го немате легитимитетот од граѓаните на ниво на држава. Изгубивте во 5 од 6 изборни единици, изгубивте во 80% од општините, добивте помал број на гласови, добивте помал број на пратеници и го немате легитимитетот. Единствено што треба да направите е да ги отфрлите сите постизборни манипулации, да го прифатите вашето место на втора партија и работите ќе бидат одблокирани. Практично блокадата ја правите вие со тоа што прифаќате постизборна манипулација и нормално е да очекувате дека граѓаните, пратениците, многу уметници, спортски работници, многу културни работници се спротиставија на ваквиот начин на политичко насилство кое што вие се обидувате да го наметнете на сцената, порача Димовски.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This