April 25, 2024, 12:05 pm

ДИМОВСКИ: За две години СДСМ за 600 милиони евра го зголеми долгот на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Илија Димовски на денешната седница на Собрание на Република Македонија истакна дека во делот на мерење кој колку капитални инвестиции реализирал, веќе е депласирано, заради тоа што ако може нешто да се заокружи за оваа влада најдобро ја отсликува познатите зборови на Владимир Ѓорчев, дека ниту еден клин ставивте, и ниту една бандера ставивте некаде во Македонија.

Јас можеби и не можам да зборувам за другите градови, но можам да зборувам за мојот град. А, ако правите споредба во време на ВМРО-ДПМНЕ се заокружи хидросистемот „Лисиче“, се изгради нова зграда на театарот, се реши проблемот со свлечиштето „Рамина“, ги реконструираа училиштата, сите болници во и околу Велес. А, сега освен еден кружен тек и еден сто пати ветуван пат за „Сливник“, кој што беше пазар за гласови во класична смисла на зборот, друго овие три години не можам да видам таму каде што живеам, појасни Димовски.

Димовски посочи дека тезата секогаш кога граѓаните нешто бараат од оваа влада како помош, како зголемување на субвенции, на земјоделците, поддршка за откупот на грозјето, јаболката во Ресен итн. И пред една година и компирите во Беровскиот крај, и други проблеми кои што се појавуваат со реконструкција на многу училишта, често пратениците од СДСМ и владата велат ние не можеме имаме пари за враќање што не задолжувала ВМРО-ДПМНЕ.

Не само што не се враќаат пари што ВМРО задолжувала, и не се намалува долгот на Република Македонија, туку долгот во овие 2-3 години или две ипол години, во кои што СДСМ е на власт во апсолутна бројка е зголемен за 600 милиони евра. Точно 600 милиони евра. Позиција од 30.06.2019 година, пресек објавено на МФ, објавено на НБРМ. Откога СДСМ е дојден на власт за 600 милиони е зголемен долгот на државата, но не се знае на што се трошат овие пари потенцира Димовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This