March 28, 2024, 12:55 pm

ДИМОВСКИ И МЕМЕДИ „ВЛЕГОА“ ВО НАТО: Делегација од Македонското собрание во седиштетона НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Делегација на македонскиот парламент, предводена од Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, како шеф на собраниската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, денес присуствуваше на состанок на Северноатланскиот совет. Во делегацијата е и потпретседателот на Собранието Весел Мемеди од НДП, пренесе весникот „Независен“

Со денешниот состанок на Северноатланскиот совет претседавал генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, а во присуство на високи претставници од парламентите на 29 земји- членки, меѓу кои и спикерот на Конгресот на САД Ненси Пелоси. Таа на Димовски и на другите членови на македонската делегација им ги пренела честитките до македонскиот народ во име на американскиот Конгрес, пишува „Независен.мк“

Димовски имал свое обраќање на состанокот на Северноатланскиот совет, при што истакнал дека во Македонија се донесоа тешки и болни одлуки и затоа заслужуваат посебна почит од сите НАТО сојузници. Потенцирајќи ја посветеноста на Македонија уште од далечната 1993 година, кога првпат македонското Собрание ја утврди својата определба за членство во НАТО – алијансата, побара забрзана ратификација на Протоколот за членство во НАТО од парламентите на сите 29 држави членки, но и се заблагодари на колегите од грчкиот, албанскиот и словенечкиот парламент кои веќе го сториле тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This