ДИМОВСКИ: Министерството за култура е одговорно што веќе нема Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како пратеник кој што доаѓа и е избран од градот Велес сакам да го искажам моето длабоко paзочарување и peволт по веста дека се прекинува седумнаесет годишната долга традиција на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Прекинот на оваа културна манифестација е резултат, односно последица од скандалозната Годишна програма на Министерството за култура кое не обезбеди финансиски средства за Велешкиот театар да ја продолжи традицијата и да го организира овој фестивал којшто во годините наназад броеше повеќе илјадна публика и по својот квалитет и значење беше на рангот на Охридското културно лето, Мајските оперски вечери, Џез фестивалот во Скопје и други слични манифестации – рече Димовски.

Тој потсети дека изминатите години Интернационалниот фестивал на античка драма можеше да се пофали со високо квалитетна културна програма која се карактеризираше со својата уникатност и претставуваше препознатлив белег за културниот живот во Велес и Република Македонија.

Во рамките на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ изминатите 17 години беа одиграни над 80 антички претстави, а учество имаа земено голем број на светски театарски ансамбли од Холандија, Србија, Турција, Црна Гора, Хрватска, Украина, Босна и Херцеговина, Русија, Бугарија, Ерменија, Данска, Казахстан, Албанија, како и сите поголеми театарските ансамбли од Република Македонија.

Димовски потсетува дека во минатото овој фестивал на античка драма добивал огромна финансиска помош од државата. Капиталните проекти коишто се правеле во минатото биле реконструкција на Античкиот театар во Стоби, реконструкција на Детскиот пионерски центар и библиотека, но најмногу и најзначајно во Велес се изгради најмодерната, најсовремената но и најопремената нова зграда на театар во Македонија.

– Новата власт, не само што не изгради ништо, туку покажа дека не е спремна да ги одржува и културно да ги искористува изградените и реконструирани објекти од претходните десетина години. Велес во минатото бил центар на културата во Македонија, а денес за жал оваа Влада прави да биде културна периферија. Просто сум зачуден од односот, од молкот и немањето ангажман на луѓето од Велес кои се влкучени на највисоки позиции во извршната и законодавната власт.Не се надевам дека Владата или Министерството за култура ќе преземат позначајни мерки, но сум сигурен дека наскоро, после промената на власта Велес ќе го врати заслуженото место на еден од првите и најголеми центри на културата во Република Македонија – рече Димовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This