ДИМОВСКИ: На граѓаните на Штип им е совршено јасно дека во Штип се создава и се гради единстено кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На граѓаните на Штип им е совршено јасно дека во Штип се создава и се гради единстено кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Кога СДСМ е на власт, во Штип ниту се гради, ниту се создава, истакна денес од Штип носителот на кандидатската листа од ВМРО-ДПМНе во ИЕ 3 Илија Димовски.

ilija-dimovski-stip-640x488

-Штип е регионален центар за источна Македонија и ќе продолжат со реализација крупните инфраструктурни проекти, ќе се заврши изградбата на автопатот од Скопје до Штип, што за 40 километри ќе го доближи Штип до Скопје. Ќе започне многу скоро и завршени се документите околу изградбата на експресните патиша Штип-Кочани и Штип-Радовиш. Ќе продолжи со изградба Клиничката болница која од здравствен аспект ќе му даде на градот регионален карактер, но и ќе набават преку 250 нови медицински апарати, истакна Димовски.

Тој посочи дека гасоводот во Штип веќе е изграден, а Владата ги реализира постапките за изградба на секундарна мрежа.

-Може да бидиме сигурни дека Штип ќе биде и првиот град во Македонија кој ќе добие секундарна гасоводна мрежа. Ќе продолжи целосната поддршка на државата за универзитетот „Гоце Делчев“ кој денес е еден од подобрите универзитети на кој студираат над 15.000 студенти. Без задршка продолжува поддршката за отворање на нови странски фабрики. Резултатите во Штип се пример за цела Македонија, денес работат 4.447 луѓе повеќе во споредба со времето на СДСМ. Со работата која планираме да ја продолжиме невработеноста во Штип ќе се сведе на административен процент, потенцираше носителот на листата во ИЕ 3.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This