ДИМОВСКИ НЕ ПОДДРЖУВА ПРОТЕСТИ ПРЕД ДОМОВИТЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ: Но, ги потсети СДСМ дека лично тие протестирале пред домовите на функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата „Без ракавици” на Алфа ТВ, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски истакна дека начинот на донесување на Законот за јазиците е преседан кој можеби ќе се повтори во иднина од некоја друга власт.

Димовски за пример ги даде протестите кои се одвиваат пред домовите на пратениците од СДСМ. Тој потенцираше дека истите пратеници за време на Шарената револуција учествувале на протестите пред домовите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, додека сега тоа се повторува пред нивните домови

–Не го поддржувам таквиот пристап на протести, но да ги потсетам дека тие лично учествуваа во исти такви протести пред куќите на градоначалници, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во периодот на Шарената револуција – истакна Димовски.

Според Димовски, вината за насилно наметнување на Законот за јазиците не е само на Талат Џафери, туку и на СДСМ.

-Перфидна е играта на Социјалдемократскиот сојуз кој што низ изјавите претходно и после насилното наметнување на тој закон во Собрание се обидуваат да ја префрлат целата ситуација, еве господинот Џафери одлучил така и сега ние сите трчаме по Талат Џафери. Не! Треба да стане јасно дека ова СДСМ го дозволи и учествуваше во планирање и спроведување на оваа постапка – истакна пратеникот Димовски.

Димовски потенцираше дека 40 пратеници од Македонците во Собранието гласале за Законот за јазиците додека 24 пратеници Албанци го поддржаа овој законот. Од оваа статистика, рече Димовски, СДСМ треба да излезе пред јавноста и да се произнесе за начинот на донесување на Законот за јазиците. Тој од СДСМ побара одговор на неколку прашања.

–Треба СДСМ да си излезе и да се произнесе. Дали мислите дека е во ред од аспект на процедура ова што го направи Џафери!? Дали мислите дека европското знаменце таму поставено, комплетно надвор од Деловникот е на место или не е на место? Дали мислите дека на пратениците може да им се одземе правото да поднесуваат амандмани – праша Димовски.

18 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This