Димовски: После сkандалот со руските комичари никој од меѓународни партнери нема да има доверба во следните разговори со премиерот на Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски истакна дека после скандалот со руските комичари, веќе никој од меѓународните партнер нема да има доверба во следните разговори со Зоран Заев.

Тој вели дека со овој разговор се пробиени сите сегменти на безбедноста, а притоа се загрозени односите со Русија, Турција, Косово и Србија, а претходно Рашковски ги загрозуваат односите со Малта, Италија и Франција.

-На крај на краиштата да обвинувате некој за фејк њуз, а денеска да ви излезе слика со човекот кој што бил задолжен во Австрија да произведува фејк њуз, Тим Силвестер.
Слика на господинот Заев со него, човек кој што бил обвинет во Израел, во Романија, во Австрија за креирање на фејк њуз и за корупција. И таа слика да му пратена на лажниот Порошенко и да му е понуден на лажниот Порошенко за соработка, значи дека во Владата во некоја ноќ во 1 часот сме го имале човекот кој е обвинет во Австрија, во Романија, во Израел за корупција и за лажни вести

. Така да не се покрива ова. Она што Владата мора да го прифати е дека се пробиени сите сегменти на безбедноста. Вие имате загрозување на односи со Русија, Турција, Косово и Србија во најмала рака. Претходно имавте ситуација со Рашковски каде се загрозуваат односите со Малта, Италија и Франција. Имате апсолутна недоверба на сите меѓународни партнери во следните разговори со премиерот на Република Македонија. Имате проблем со МПЦ и нашата надеж дека конечно некогаш ќе добие афтокефалија. Имате низа на други системски проблеми кои што после ова не се лечат, не се решаваат. Се решаваат само со повлекување на оваа структура која што сега ја раководи Владата на Република Македонија, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This