March 29, 2024, 11:30 am

ДИМОВСКИ: Социјалдемократскиот сојуз, денеска прв пат после изборите го прифати фактот дека се губитничка партија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Социјалдемократскиот сојуз, денеска прв пат после изборите го прифати фактот дека се губитничка партија на изборите и дека се втора партија во ова Собрание, истакна на денешната прес-конференција Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

ilija-dimovski-2

Во продолжение следува интегрален текст од изјава на ВМРО-ДПМНЕ

Од тука претседателското место во Комисијата кое што го доби ВМРО-ДПМНЕ и шесте членови во Комисијата не се добар гест од страна на СДСМ, туку се правила и пракса која што во Собранието функционира 25 години.

Доколку СДСМ, продолжи да го слуша гласот на граѓаните кои што се секојдневно на улиците и доколку СДСМ продолжи со ваквите постапки да прифаќа дека се губитничка партија на изборите, Собранието на Република Македонија ќе продолжи нормално да функционира.

Доколку се обидуваат со пост изборна измама да наметнуваат нови правила и нови пракси во Собранието на Република Македонија, тогаш сите можности остануваат отворени.

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This