ДИМОВСКИ PACПАЛИ ПО СДСМ: Засрамете се, економијата бележи падови откако вие сте на власт, само се зголеми бројот на ваши роднини во администрацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната собраниска седница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски се обрати и посочи дека СДСМ малку да се засрами, бидејќи откако се на власт економијата бележи само пад во сите сектори.

Освен во тоа што си ги вработија своите роднини во државната администрација. Инвестиции во основни средства во индустријата ќе ви споредам податоци 2017-та со 2018-та падот е 6,3%. Значи во 2018-та година за 6,3 отсто е падната сумата на пари инвестирани во основни средства во фабриките, појасни Димовски.

Димовски додаде за јавните инвестиции во Република Македонија падот е 16,9 отсто од 496 милиони паднато е на 412 милиони.

-Вкупно приватни инвестиции во милиони евра од 1,764 милиони односно милијарда 764 милиони паднато е на милијарда 705 милиони. Или падот е 3,3%. А, домашни инвестиции падот е 31,1%. Од милијарда 583 милиони на милијарда 91милион. Јас зборувам за реалната економија, не зборувам за сите ваши балдзи, синови, ќерки, снаи, јатрви што си ги вработивте во администрација. Јас зборувам за реална економија, нагласи Димовски.

Димовски заклучи дека бројот на вработувањата податоци ноември 2018-та споредбено со ноември 2019-та година е пад во реалната економија. А, да не се споменува државната администрација.

-Во реалната економија, во индустријата во Република Македонија ноември 2019-та година со ноември 2018-та падот на вработувањата е 2,8%. Од кои во рударството падот на вработувањето само за една година последната е 2,9%. Во преработувачката индустрија падот е 2,9%. Во индустријата за снабдување со електрична енергија падот е 1%. Во индустријата за производство на енергија падот е 2,6%, ама гледам вчера имало конкурс за советници во кабинетот на директорот на ЕЛЕМ и за советници за меѓународни односи во ЕЛЕМ ќе надополниме, потенцира Димовски.

Димовски појасни дека реалната економија која што создава интермедијарни производи падот е 3,7% за само една година. А, во индустријата за производство на трајни производи за широка потрошувачка падот е 3,6%, на бројот на вработените. Падот на индустријата за производство на нетрајни производи за широка потрошувачка е 4,7%.

-Овие бројки ги читам за сами да сфатите колку себеси се лажете га ги правдате сите вработувања на сите роднини на сите ваши партиски функционери. Значи до седмо колено вработивте во државната администрација. Ама бар срам да имате и да не излегувате тука да се фалите дека е зголемен бројот на вработени, заклучи Димовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This