ДИПЛОМАТИЈА КАКВА ШТО ЗАСЛУЖУВААТ: „Гледај ме во очи! Зошто го вртиш погледот“ – рускиот претставник во ОН го прегази Британецот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На заседавањето на Советот за безбедност на ОН на 12.април се расправаше за нацрт резолуцијата во која се осудува хемискиот напад во Сирија, која а предложија Велика Британија, Франција и САД. РУсија стави вето на документот, помеѓу останатото и поради „обвинувачкиот тон“ кон сирискиот режим

safronkov

Пред гласањето, постојаниот претставник на Велика Британија Метју Рајкрофт ја обвини Русија за „бесрамна поддршка на режимот на Асад“ и „злоупотреба на правото на вето“ и стакна губење на довербата во Русија поради акциите на претседателот на Сирија кој го поддржува Русија.

Во својот одговор заменик постојаниот претставник на Русија Владимир Сафронков изјави, обраќајќи му се на Рајкрофт со „ти“, дека Велика Британија се плаши од соработка помеѓу Русија и САД. Тој исто така побара од Британецот да не го трга погледот.

Во своето обраќање, Сафронков рече дека Русија внимателно ја следеше мартовската рунда на меѓусириските преговори во Женева, повикувајќи ги сите учесници на конструктивно и взаемно прифатливо решение и компромис во политичкото решение. Тој додаде дка Русија води активни контакти со сириските власти и шриок спектар на претставници од опозициското движење.

„Господине Мистура, ние ги поддржуваме вашите напори и очекуваме дека ќе продолжите да ги градите. Фактот дека женевскиот процес се развива, е и сознанието дека страните почнаа паралелна расправа на сите теми на дневен ред, започнаа и работа на сложени концептуални предлози на Вашето посредување, кое може да се смета за достигнување“, рече Сафронков.

„Но говорот на претставникот на Велика Британија Рајкроф покажа дека само тој мисли како да засмета на Вашите напори, господине Мистура, да не дозволи развој на политичкиот процес и во Советот за Безбедност да воведе судир и непријателство. Работата е во тоа што, и тоа на многумина во ОН им е познато, дека сте се исплашиле, не можете да спиете затоа што ќе соработуваме со САД. Вие од тоа се плашите! Правите се за да се осигурате дека таа соработка ќе биде подриена“, рече претставникот на Русија.

„Токму поради тоа..Погледни ме! Гледај ме во очи! Зошто го вртиш погледот? Токму поради тоа ти денес ништо не кажа за политичкиот процес. Намерно не го слушаше говорот на Мистура. Наметнувате навредливи услови за гарантите на процесот во Астана. А што направивте вие за прекинот на огнот? Во Лондон и Париз примате групи? Илегални вооржени формации?“, нагласи Сафронков.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This