Неколку дипломатски претставници на САД и некои земји на ЕУ, денес го убедувале Зијадин Села да биде дел од владата на Заев, ветувајќи дека истата таа влада ќе има голема поддршка од САД и ЕУ иако таквата влада би била техонкратска и привремена – пренесуваат дел од албанските медиуми во земјава
Како што пренесува албанска ИНА (Илирија Њуз) од дипломатски извори, во моментов постои можност за блокирање на формирањето на новата влада на мандатарот Зоран Заев, како што пренесуваат, поради големи притисоци од одредени политички структури во земјава.
„Постојат големи импликации од продолжената рака која оперира во Албанскиот политички камп, а се обдиува да го блокира формирањето на владата од страна на Заев. Таквите имликации се направени преку различни условувања и уцени, со цел да се оневозможи формирање на нова влада“ – пренесува ИНА.
Во меѓувреме, од партијата на Села доцна синоќа изјавија дека се незадоволни од изборот на Ахмети и позициите кои СДС му ги дала на ДУИ, додавајќи дека Ахмети не смее да зборува во име на Алијанса за Албанците и да преговара во пакет.