March 29, 2024, 12:16 am

ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА НА МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА: На средба со претседателката на Малта и посочија дека се спроведува eтнoцид врз македонскиот народ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската заедница во Малта се сретна со претседателката на Малта . Во палатата Сан Антон, македонската заедница во Малта предводена од нејзиниот претседател, Г-дин Максимилијан Казаков и неговото најтесно раководство, оствари историска средба со претседателката на Малта Н.Е Г-ѓа Мари-Луис Колеиро Прека.

Претседателката Колеиро Прека потенцира дека и претставува посебна чест и задоволство што македонската заедница е прва со која остварува државничка средба, од било која заедница на иселеници, откако стана претседател на Малта во 2014та година.

Претставниците на МЗМ (Македонската заедница во Малта) разговараа за ситуацијата во која се наоѓа денес Република Македонија, со посебен акцент на фактот дека македонскиот народ е единствен народ кој во 21 век доживува eтнoцид поради членство во некој сојуз и тоа спротивно од волјата на народот.

Една од темите на разговор беа тешкотиите со кои секојдневно се соочуваат македонските иселеници во Малта како и за неисполнетите ветувања за изнаоѓање на решенија од функционален карактер, со цел подобрување и олеснување на секојдневието на македонските иселеници во Малта.

Се разговарше и за можностите за интензивирање на соработката помеѓу Македонија и Малта, како на економски така и на културен план.

Во знак на благодарност за приемот на претседателката, претседателот на македонската заедница г-дин Казаков, и подари икона од Бигорскиот манастир ( Богородица –која воедно е и заштичничка на Малта). Потпретседателката г-ѓа Мартина Јорданоски и врачи книги од големо историско значење за Македонија како и златник со македонската Вергина. Г-ца Лејла Вејсели и врачи слика со Галичката свадба како симбол на македонската традиција од западнит дел на Македонија ( Мијачкиот крај ).

Претседателката Колеиро Прека ги охрабри младите македонци да продолжат со нивната работа и достоинствено претставување на Република Македонија во Малта, потенцирајќи дека видливоста, како и одржување на одличната репутација која ја ужива Македонската заедница, во мултинационална заедница е од голема важност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This