April 23, 2024, 10:45 pm

Дипломатскиот синдикат pacпали по министерот: Наместо повлekyвање на огласите, Димитров направи нови поделби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот дипломатски синдикат е непријатно изненаден од вчерашната реакција на раководството на Министерството за надворешни работи и ниското ниво на комуникација во врска со соопштението на МДС за објавувањето 21 интерен оглас, ова денеска преку реакција го потенцираа од Македонскиот дипломатски синдикат.

Наместо конкретни одговори за нашата загриженост поради сензитивниот тајминг на нивното распишување, видовме бледи флоскули од кои не може да се прочита искрена заложба за транспарентна и конкурентна постапка, на дистанца од можни политички влијанија. Наместо повлекување на огласите и нивно пролонгирање по закажаните избори, добивме неразбирливо пребројување на синдикални членови и нови поделби во куќата. Наместо потврда на декларираниот професионален пристап и еднаков третман на вработените, за жал, слушнавме шокантни обвинувања за “попречување на нормалното функционирање на дипломатската мрежа” од оние “што 11 години молчеа за бруталното прекршување на синдикалните права, а сега се најгласни”. За да ги расчистиме овие збунувачки квалификации кои доаѓаат од првите луѓе во МНР, би биле благодарни доколку отворено ни бидат презентирани опипливи аргументи за нивната гласност за време на 11-годишниот период на кој реферира раководството. Еве, за да помогнеме, доволни ќе бидат мејлови, изјави или дописи од министерот Димитров додека ја извршуваше амбасадорската функција во Хаг (2009-2014), во кои алармирал за посоченото брутално прекршување на правата на вработените. Доколку нема такви или не може да се најдат, може да послужат и слични реакции на неговиот шеф на Кабинет, од периодот 2013-2017 и амбасадорувањето во Прага, во кои апелирал за лошите состојби во Министерството. Доколку и такви не постојат, тогаш сериозно ќе се загрижиме за кредибилитетот на ваквите обвинувања кои добиваат контури на симптоматична автопроекција. Бидејќи раководството тврди дека нема ништо спорно во објавата на конкурси во пресрет на предвремените избори, уште еднаш ќе го потсетиме министерот Димитров на неговата прва одлука по преземањето на функцијата во 2017 година кога поништи 19 законски одлуки за редовно пополнување на испразнети позиции во ДКП-ата бидејќи биле донесени за време на техничка влада. Ако тогаш образложението беше дека се случиле “новонастанати околности”, какви ќе бидат околностите по 3-ти јануари 2020 кога ќе течат постапките за упатување во рамки на тековните огласи…, потенцираат од синдикатот.

Од синдикатот истакнуваат дека неуспешен остана и обидот на врвот на МНР преку соопштението да се предизвика некаков виртуелен натпревар на бројки меѓу двата синдикати во Министерството. МДС нема да дозволи да биде вовлечен во таква трка со нејасно тивкиот синдикат изминативе неколку години, а прилично активен во периодот до 2017 кога повикуваше да се гласа за одредена политичка партија, дотогаш невидено и апсолутно недозволиво во синдикалната етика и пракса. Напротив, Македонскиот Дипломатски Синдикат ќе се сосредоточи на реалните проблеми на дипломатите, жестоко залагајќи се за работничките права без разлика на етничка припадност, политички ориентации, должина на стаж, административни позиции и кариерна траекторија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This