March 28, 2024, 10:30 pm

Диплoмaтcкa бypa: Фон Крамон и Гренел peaгиpaaт зa глacaњeтo нa Кypти вo Aлбaниja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалната известувачка на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон оцени дека е неприфатливо тоа што многумина во Косово се жалат на мешање на Србија и претседателот Александар Вучиќ во внатрешни работи на земјата, а истовремено косовскиот премиер Албин Курти гласа во соседна Албанија.

Не можам да разберам за што се работи. Од една страна сите во Косово се жалат на мешање на Србија или претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а од друга страна премиерот на Косово гласа во соседната држава. Тоа не е прифатливо. Барем не за мене – коментира фон Крамон на Твитер.

Статус на Твитер може да погледнете ТУКА.

Со реакција на социјалните мрежи се огласи и поранешниот претставник на претседателот на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, кој оцени дека фактот што Курти гласаше на изборите во Албанија кажува многу за него.

Премиерот на Косово гласа на албанските избори Тоа на светот му кажува многу за Курти. Меѓународната заедница би требало да се замисли за неговите мотиви – порача Гренел.

Статус на Твитер може да погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This