Директори и пратеници го pekeтиpaлe Орце Камчев во пpитвop?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на затворот „Шутка“ но и негови пријатели, директори, пратеници и високи фунцкионери на власта се обвинети за рекетирање на Орце Камчев и болницата „Аџибадем Систина“, објавува порталот „ДоказМ“.

Според пишувањето на порталот, директорот на затворот „Шутка“ Филип Андонов-Сокол, ја користел својата фунцкија за од директорот на „Аџибадем“ Орце Камчев бара бесплатно лекување за него и неговата сопруга, но и за неговите пријатели од партијата и владата.

Во објавата на порталот се додава и дека барањата за бесплатни третмани во болницата, функцинерите на СДСМ нуделе „фер однос“ кон Камчев во случај ако тоа му притреба од владините функционери, што пак упатува на повеќе кривични дела, меѓу кои и принуда, барање на мито и злоупотреба на службена положба доколку овие обвинувања се докажат за точни.

Порталот објавува и дека за овие тврдења постојат и докази во форма на неплатени фактури и СМС пораки, но и друг вид на комуникација, кои ќе бидат објавувани доколку од партијата на власт се обидат да ги демантираат овие информации.

Оттаму прашуваат и дали за овие активности на Филип Андонов и неговите пријатели-функционери на власт го информирале Премиерот Заев но и партискиот портпарол, кој иако неосуден, Камчев го нарекуваат „криминалец“.

Одбраната на Јордан Орце Камчев обвинува дека во затворот „Шутка“ бизнисменот се чува во нечовечки и нехумани услови, без доволен пристап до питка вода. Навечер спие со вклучено светло, а во текот на денот е оставен во целосен мрак во просторија без прозорец. За ова, одбраната најави итна жалба до Стразбур и советот на Европа, како и барање за итен увид во условите во кои се држи Јордан Орце Камчев.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This