ДИРЕКТОРКАТА НА АВРМ СИ ГО ВРАБОТУВА СВОЕТО СЕМЕЈСТВО И РОДНИНИ: Сестрата на сопругот, синот на сопругот, внука од сестра на сопругот и старосватицата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Самоволието и непотизмот стануваат заштитен знак на владата и нејзините функционери. По бројните скандали за непотизам за Драги Рашковски, бројни градоначалници во внатрешноста и голем број на функционери од пониските ешалони, јавноста дознава дека и директорката на АВРМ, Билјана Јовановска, функцијата  ја користи за вработување на своите роднини.


Имено, според она што го пишува Мери Николова, Јовановска откако е директор во АВРМ ја вработила сестрата на сопругот, Трпана Бисовска, синот на сопругот, Никола Ѓуровски, внук од друга сестра на сопругот, Горан  Петровски, и старосватицата Слаѓана Ангелевска, која е во трка и за претседател на СДСМ во Аеродром.

Додека СДСМ беше опозиција ветуваа транспарентност и еднаков пристап до секое работно место на секој еден граѓанин. Сега од позиција на власт гледаме како се вработуваат сопружници и блиски роднини на функционерите на власта, а секојдневно институциите се полнат со десетици партиски активисти преку договори за привремено вработување, кои за три месеци се трансформираат во договори на неопределено време.

Една од учесничките на таканаречената „шарена револуција“ Мери Николова, бара одговорност од актуелната директорка на АВРМ, Јовановска. Таа во својот фејсбук статус очекува директорката да биде сменета од страна на Заев.

– Се надевам во бранот на разрешени директори во Вторник, ќе го слушнеме и твоето име. Не се срамиш малку? Пишува Николова на фејсбук.

– Директорката на АВРМ Биљана јовановска, не само што има градежно-реконструктивни аспирации, туку и непотизмот е една од главните својства на нејзиното делување. Таа беше сменета откако потроши над 600.000 евра за реконструлција на Скопската агенција за вработување. Сега пак, се шета заедно со нејзиниот сопруг по градовите во внатрешноста на Македонија, за да види каде е потребна реконструкција и реновирање, веројатно за ново офајдување, пишува Николова  во продолжение.

Николова тврди дека директорката на АВРМ има станови во Аеродром и Лисиче, куќа во Лисиче и викендичка. Таа прашува дали Биљана Јовановска, раководната функција ја користи за лично богатење и вработување за своите роднини.

Имено непотизмот како начин на функционирање и владеење стана патент на функционирање на власта. Веднаш по преземањето на локалната власт градоначалниците на Берово и Неготино си ги вработиле своите сопруги како наставници, додека градоначалничката на Битола си го вработи братот исто така како наставник во основно училиште.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This