ДИРЕКТОРКАТА HE ДOЗBOЛИЛА ЛEKУBAЊE: Жената која пoчинa во Струга била oдбиeнa за xocпитализација во Охридската бoлницa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово почина една пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга. Таа и нејзиниот сопруг се дијагностицирани позитивни на коронавирус во текот на вчерашниот ден. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

Според епидемилошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 Март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.

Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.

Заради ова, Министерството најавува целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во овој случај.

Ревизијата, како што дознава „Инфомакс“ се најавува поради сознанието дека лечење во Охридската болница на заболената стружанка било забрането од директоркјата на болницата Мр.специјалист Славица Малеска Стојадиновиќ.

Според информациите на „Инфомакс“, и покрај констатираните хронични заболувања и позитивниот тест на коронавирусот, докторката не дала согласност жената да биде хоспитализирана.

Таа денес го загуби нејзиниот живот и е четврта жртва на КОВИД-19 во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This