ДИРЕКТОРКА ВРШИ НАБАВКИ ВО ФИРМАТА НА ТАТКО И: Ирена Пановска – Ставридис вршела набавка на лекови од фирмата на татко и!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорката на Клиниката за хематологија Ирена Пановска-Ставридис вршела набавка на лекови тестови и апарати од веледрогеријата на својот татко иако тоа претставува непотизам и судир на интереси.

Пановска-Ставридис склучила договор за набавка на лекови, тестови и апарати од веледрогеријата на својот татко „Др. Пановски“ во износ од 4 милиониденари.

На 31 октомври 2017 година Клиниката за хематологија преку Ирена Пановска-Ставридис склучила договор за јавна набавка на реагенси, лабараторски апарати и тестови во вредност од над 4 милиони и 200 илјади денари, односно над 80 илјади евра за договор за набавка, од веледрогеријата „Др. Пановски“, сопственост на Никола Пановски, пишува Курир.

Законот е многу строг кога станува збор за склучување на договори помеѓу државата и приватен субјект, а кои можат да бидат предмет на судир на интереси. Имено според член 7 од Законот за спречување на судир на интереси, доколку постои сомневање за постоење на судир на интереси службеното лице е должно да побара мислење од ДКСК. Дополнително став 3 од истиот член вели дека при можност за постоење на судир на интереси, службеното лице е должно да ги преземе сите неопходни мерки за спречување на приватниот интерес.

За роднинските врски помеѓу директорите на скопските клиники и сопствениците на веледрогерии и можниот судир на интереси предупреди и опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку изјава пред Хематологија уште во август минатата година.

Именувањето за директори на здравствените установи, кои се во роднински врски со сопственици на веледрогериите е потенцијален ризик за криминал и фрла сомнеж за можна корупција во текот на директорувањето, истакна Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ , при партиска изјава пред Клиниката за хематологија.

Од ВМРО-ДПМНЕ исто така предупредија дека со именувањето на Пановска за директор на Клиниката за хематологија се отвара можност да ја фаворизира семејната веледрогерија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This