ДИРЕКТОРОТ НА ВОДОСТОПАНСТВО КУПУВА ЛУКСУЗНА ЛИМУЗИНА: Со државни пари купува возило вредно 50 илјади евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илми Селами, поранешен претседател на антикорупциска, советник во Министерство за одбрана, воен аташе во Брисел и се тоа во време на претходната власт од пред неполна година директор на „Водостопанство“ АД. Кадар на ДУИ кој знае како да се бори со корупција, искусен во воени прашања и воена дипломатија, а сега и менаџер за водните ресурси на Република Македонија ќе се вози со нов „Талисман“ на оперативен лизинг за 50.000 евра, пренесува Фактор.

Илми Селами, директорот на „Водостопанство на РМ“ државната фирма која се грижи за сите брани во земјава и за системите за наводнување земјоделски површини купи на трошок на фирмата, се разбира, нова лимузина за безмалку 50.000 евра. Новиот „Рено Талисман“ ЗЕН со мотор од 1,6 литри и 130 коњски сили е новото службено возило на „Водостопанство“. За него , на оперативен лизинг, фирмата ќе плати 48.350 евра. Возилото се купува на 60 месечни рати, а месечно ратата изнесува 806 евра, а до километража од 100.000 километри за овој период по што ќе се наплаќа 19 денари за изминат километар.

Освен оваа лимузина, „Водостопанство“ ќе купи и 14 тенерци „Дачиа Дастер“ за кои , на истите услови – оперативен лизинг на 60 рати до 100.000 километри, ќе плати 368.000 евра. Инаку, неодамна „Водостопанство“ на својата веб страница се пофали дека купува теренски возила за своите потреби, но не се пофали дека купува и лимузина за 50.000 евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This