ДИРЕКТОРОТ НА ЕЛЕМ: Ако синот на Стојчевска не ги исполнува условите ќе му дадеме aткaз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако Антикоpyпциската комисија утврди дека синот на пратеничката Мира Стојчевска, Виктор Стојчевски не ги исполнувал условите на конкурсот, ќе добие oткaз, изјави директорот на ЕЛЕМ Драги Миновски во интервју за Телма.

Миновски рече дека Стојчевски се пријавил на огласот за приправник и ги исполнувал сите законски услови.

–Огласот е објавен за приправник, баравме приправник бидејќи сакаме да вработиме што е можно помлади кадри. Над 70 отсто од вработените во ЕЛЕМ се со над 50 години старост. Како одговорни менаџери сакаме да направиме подмладување на кадрите. Што се однесува за Виктор Стојчевски, вработен е на местото инжинер за нови технологии. Планираме инвестиции од област на обновливи извори, за овие проекти потребни е геодетска и градежна документација, па поради тоа Виктор Стојчевски најмногу ги исполнуваше критериумите – изјави Миновски.
Тој тврди дека не знаел дека е син на пратеничката Мира Стојчевска и дека никој не ургирал да биде примен.

–Во целост ќе ги следиме насоките од Извештајот на Антикоpyпциската комисија и во целост ќе ги исполниме наодите на Комисијата. Тоа значи дека доколку Антикоpyпциска утврди некакви неправилности, да ќе му дадеме oткaз на Виктор Стојчевски – рече Миновски и додаде дека од 2016 до 2019 бројот на вработени во ЕЛЕМ е во постојано намалување и дека сите вработувања направени изминатиов период биле направени според потребите на компанијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This