April 20, 2024, 11:52 am

ДИРЕКТОРОТ НА „ЕУРОКОМПОЗИТ“ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Штрајкот ставен во мирување до понеделник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ го стави штрајкот во мирување и од понеделник вработените ќе се вратат на работа откако генералниот директор Александар Кузески поднесе неотповиклива оставка.

Според претседателот на синдикатот Роберт Богданоски, смената на раководството беше еден од условите за протести и штрајк.

– По дописот од Владата дека генералниот директор Александар Кузески си поднесе неотповиклива оставка, која веќе е објавена на огласната табла во компанијата, како синдикат донесовме одлука штрајкот да го ставиме во мирување. Заминувањето на раководството од фабриката беше еден од условите за простести и штрајк, изјави Богданоски.

Тој вели дека се уште не е назначен нов генерален директор, иако има најави дека ќе биде од Прилеп.

– Од понеделник, 2 април, ќе продолжи работниот процес во погоните на „Еурокомпозит“. Има работа по договори за странство и за МВР. Ќе очекуваме назначување нов директор. Со Владата е договорено во наредните шест месеци да добиваме по една нето плата и да се реши ситуацијата во компанијата, рече Богданоски.

Синдикатот има поднесено приговори до Бордот на директори по неодамнешните 10 решенија за суспензија на членови на Синдикатот и очекува нивно решавање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This