April 23, 2024, 12:00 pm

ДИРЕКТОРОТ НА ЗАВОДОТ ЗА СТАТИСТИКА ПРЕДУПРЕДУВА: Политички структури сакаат да направа фалсификат на пописот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политиката ги контаминираше сите пописи во Македонија досега. Директорот на Државниот завод за статистика Атанас Симовски не се откажува од замислата за попис без етничка графа и покрај обвинувањата од помалите етнички заедници дека во таков случај тие ќе се соочат со целосна асимилација и губење на загарантираните права, кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор. Бранејќи ги своите тези, Симовски во Отворено на Алфа, го впери прстот во политичките елити кои, според него, ќе сторат се за на пописот да добиеме неточни податоци за етничката структура на населението.

„Политичките структури, сакајќи да направат дисбаланс, односно поинаква етничка структура во државата, се обидуваат да влијаат врз пописот за да добиеме нерелевантни податоци, односно неточни, погрешни податоци. Со 28 годишно искуство ви велам дека е подобро да немаме никакви информации отколку тие да бидат погрешни“ – вели правиот човек на ДЗС.

Предлог – законот кој излезе и во него не стои графа за етничка припадност, но директорот на ДЗС остава простор ова да биде променето во текот на јавната дебата.

Сепак, претставниците на помалите заедници се гневни. Велат дека обидот за замена на етничките карактеристики со културолошки е невозможен, а изоставувањето на етничката графа се коси со правниците принципи кои произлегуваат од уставот. Амандманите врз основа на Охридскиот рамковен договор велат дека основна и темелна вредност на државата е принципот на правична застапеност.  А таа е невозможна без јасно дефинира етника структура на населението.

„Овие амандмани се вкоренети во Охридскиот рамковен договор а произлегуваат од пописот во 2002 година. Сега се поставува прашање како ќе се избираат судии, како ќе се врши правична застапеност во државната администрација? Како ќе се носат законите со Бадентеров принцип“ – прашува Алберт Мемети од невладината „Ромалитико“.

Помалите етнички заедници сметаат дека податоците од пописот од 2002 година се одамна застарени, во меѓувреме етничката структура е променета, а се сомневаат и дека воопшто тогаш пребројувањето било објективно. Велат дека се плашат за себе, но и дека најголемата заедница – македонската, треба добро да размисли што за неа ќе значи попис без етничко изјаснување.

-Сметам дека само попис со етничко изјаснување е неопходен, а Македонците би требало добро да размислат, бидејќи ние имаме и втора држава, а тие ја имаат само оваа. И треба да размислат за своето право на определување кои се и што се. Зашто може да бидат „само граѓани“ – предупредува Гордана Јовиќ Стојковска, претседател на Здружението на Србите во Македонија.

Невладините организации ги демантираат наводите дека и во други држави нема етничко изјаснување – со податокот дека најчесто на пописните листи има различни модалитети, но никаде не е ускратена можноста за такво нешто, како што се предлага во Македонија. Конечно, констатираат дека инсистирањето на ваков попис е показател дека државата очигледно се плаши од податоците кои ќе бидат добиени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This