April 20, 2024, 12:24 am

Директорот на СЗО за Европа: Се уште не знаеме дали корона вирусот е настанат по природен пат!? Дали СЗО ги потврдува “теориите на заговор”!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Теоретичарите на заговор задоволни ги тријат рацете.

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште нема целосни податоци за потеклото на корона вирусот и не знае дали потекнува и е настанат природно или на вештачки начин, изјави денеска регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Хенри Клуге и рече дека истражувањето продолжува.

Во интервју за руската агенција ТАС С, Клуге рече дека кинеските научници се занимаваат со ова прашање и дека СЗО е поканет да учествува.

Таа истрага е во тек и се разбира тоа е нешто што е многу важно да се открие. Но, не можам да кажам ништо повеќе затоа што истрагата е во тек и јас не сакам да го загрозам овој многу важен процес. Најважно е дека ние сме дел од тоа, рече Клуге.

Зборувајќи за можноста за нова пандемија, Клуге рече дека единственото прашање е кога тоа ќе се случи.

Затоа што и оваа пандемија ја предвидовме и повторно нè најде неподготвени, изјави Клуге.

Тој оцени дека од оваа ситуација може да се извлече порака дека прашањето не е дали ќе има нови пандемии, туку како светот може подобро да се подготви за тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This