Директорот на Стопанската комора на Баварија: Македонија има идеални услови за потенцијални инвеститори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рамки на посетата на Баварија, партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Никола Груевски денес оствари средба со стопанска комора во Минхен и поголем број претставници за компании.

gruevski-bavarija-stopanska

-Им ги презентиравме условите за правење бизнис во Македонија и сите тие изразија позитивни гледања на она што го слушнаа, она што го нуди Македонија, на ниските даноци, бизнис климата, добрата регулатива и им звучи многу атрактивно особено затоа што голем број германски компании дојдоа и инвестираа во Македонија и се уверија во тоа. Некои од нив кажаа дека наскоро ќе ја посетат Македонија од блиску  да ги разгледаат можностите за правење бизнис, воспоставивме добри конекции во тој правец, така то оваа посета ќе има резултат и во однос на некоја инвестиција можеби во текот на наредната година, истакна Груевски по средбата.

Според директорот на Стопанската комора во Баварија, Македонија ги има идеалните услови за инвестирање.

gruevski-bavarija-stopa2

-Имаме интересна ситуација во Македонија. Има идеални услови за потенцијални инвеститори во Македонија во однос на образованието, даночниот систем, вештините за говорење англиски јазик кај луѓето. Ова се важни аргументи и услови за потенцијалните инвеститори од Баварија и како Стопанска комора ќе овозможиме информации за нашите компании членки за да ја разгледаат понудата која ја има Македонија, односно идеалните услови за инвестирање кои ги има, истакна по средбата директорот на Комората, Франк Долендорфт.

Во рамки на посетата на Баварија, Груевски и партиската делегација остварија средби со поранешниот премиер на Баварија, Едмунд Штојбер и сегашниот премиер и претседател на ЦСУ Хорст Зехофер.

gruevski-bavarija-stopa3

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This