ДИРЕКТОРОТ НА ФИНАНСОВА ПОЛИЦИЈА ДА ЈА ОПЕРИРА СВОЈАТА ОЧНА КАТАРАКТА: Јакимовски вели дека неговот судење ќе е фарса

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ГРОМ, Ствече Јакимовски истакна дека е мета на партиска пресметка, а неговите судења ќе бидат обична фарса и иронично забележа дека можеби би било по пригодно, судењето да се одвива на Бихаќа. Според Јакимовски објектот за кој сега го гонат е времен објект изграден со одлука на советот во време кога тој се уште е градоначалник на СДСМ уште во 2012 година. Сега тој објект се уште го користи општината и поради тоа го повика директорот на финансовата полиција да ја оперира својата очна катаракта и доколку навистина има дело да му поднесе кривична пријава и на актуелниот градоначалник Стефан Богоев, бидејќи тој објект се уште се користи.

-Јас сметам дека е сосема легитимно СДСМ и Зоран Заев да сакаат да се пресметуваат со мене и мојата партија ГРОМ. Но сметам дека е нелегитимно кога се во опозиција да плукаат по институциите и да не ги признаваат истите тие институции за разлика од нив ја сум подготвен да им ги признаам партиските нивни институции. Овој партиски полицаец Арафат, партиска обвинителка што ја донеле во Штип специјално за мене како и партискиот судија што ќе го местат. Само сметам дека е фарса што судењата ќе ги правиме во Основен суд 1 и мислам дека би било добро да ги правиме судењата на Бихаќа, затоа што нема потреба да трошиме дури и простор на судот кога се знае дека се ова само обични партиски пресметки. Се работи за објект, кој што е времен објект за чија изградба имаме одлука на совет. Објект кој што сум го изградил, односно почната е неговата градба додека бевме заедно со СДСМ во 2012 година и јас само би сакал да го повикам директорот на финансова полиција да ја оперира својата очна катаракта и да погледне малку наоколу. Прво да погледне кај Стефан Богоев и да го прашан зошто не му поднесува кривична пријава на Стефан Богоев токму за овие две општински бараки, бидејќи во моментот тој ги ползува. Тоа е продолжено кривично дело од Казнениот Закон челн 45, затоа што сега не ги ползувам јас тие бараки, туку ги ползува Стефан Богоев, а тој знаел дека тие објекти немаат градежна дозвола за тие објекти. Значи тој продолжува да го крши законот и не знам зошто за него не поднесува кривична пријава, вели Јакимовски.

 

Јакимовски забележа дека токму во населбата каде што живее директорот на финансова полиција има стотици објекти дивоградби кои се легализираат за едно евро, со што буџетот на општината и на Град Скопје се оштетува за милиони евра.

 

-Исто така би го замолил да погледне во населбата во која што живее, таму непосредно пред неговиот нос, колку стотици објекти дивоградби се градат и се легализираат по едно евро, при што се оштетува буџетот на општината и на градот Скопје со милиони евра. Овде во општина Карпош нема никој оштетен. Општина Карпош овие две бараки и денеска ги користи Стефан Богоев и целта на тие две бараки беше потоа да ги користи Основното училиште Лазо Трповски, да ги издава под кирија и од тоа училиштето да остварува свои сопствени приходи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This