ДИРЕКТОР НА УЧИЛИШТЕ ПЦУЕ КАКО КОЧИЈАШ: Кадарот на СДС без основа култура – гнасна преписка на директорот пред учениците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно од основните начела врз кои се базира образованието и функционирањето на едно училиште е воспитување за општи културни и цивилизациски вредности. Меѓутоа овие вредности како да не важат за Директорот (раководител) на ПОУ „Гоце Делчев“ н. Три Чешми, Милан Васиќ – пишува порталот „Брегалнички“

Дека е скаран со културата и правилната комуникација говорат неговите бројни коментари и статуси на социјалните мрежи. Покрај загрижувачката содржина на овие коментари загрижува и тоа што овие коментари ги читаат и неговите ученици и колеги.

За да бидат уште повеќе алармантни овие негови зборови говори и фактот што тој по професија е наставник, лице кое треба да ги образува и восптува нашите деца. Па од овде јавно се упатува прашање зарем личност која не може да ги контролира своите мисли и зборови може да биде воспитувач на идните генерации. Кој пример го остава за неговите ученици знаејќи го фактот дека истите тие ги читаат неговите статуси и коментари.

Господинот Васиќ покрај тоа што е силен со погрдните зборови истиот е и силен поддржувач на сегашната власт. Знаејќи го и фактот дека раководителите на образовните институции ги поставува градоначалникот на Општината се поставува прашањето по кој критериум беше избрано ова лице да раководи со образовна институција. Градоначалникот Бочварски во многу наврати говореше за кадрите кои тој ги поставува дека се докажани и вредни проефесионалци. Па логично овоа води до прашањето дали ова ваши и за овој директор. Дали за докажан професионалец се смета лице кое ќе упати колку што е можно повеќе погрдни и заканувачки пораки пред очите на целата јавност. Дали за професионалност на наставник се смета погрдниот вокабулар и  дали така треба да изгледа образованието во нашата држава. Дали силата на наставникот доаѓа од силата на власта треба одговор да каже неговата матична партија и оние кои го поставиле на оваа функција – пишува Брегалнички.мк

Од оставените коментари јасно може да се увиди дека ова лице покрај погрдни зборови користи и закани по живот, дело кое кривично се казнува. Поради ваквите скандалозни испади на овој функционер јавно ги повикуваме надлежното министерство, просветниот инспекторат и надлежните судски органи да ги расчистат овие закани и испади на раководителот. Во спротивно би значело дека секој наставник и раководител би можел да се иживува и заканува на било кој пред очите на учениците, постапки и дела кои најстого со  закон се казнуваат – додаваат од порталот.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This