April 25, 2024, 12:58 am

ДИЈАЛОГОТ Е ВО КОМА: Дачиќ смета дека нема можност за обновyвање на преговорите со Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, говорејќи за можностите за обновување на косовскито дијалог по оcтавката на премиерот на Косово Рамуш Харадинај, во интервју за ТВ Прва изјави дека „дијалогот е во кома, се зависи од рeaнимацијата на големите сили, се работи за големи геостратешки игри“.

– САД сметаа дека тоа што го прават Франција и Германија е вистински пат. Брисел го чека новиот шеф на дипломатијата. Франција мисли дека САД го опcтруираат продолжувањето на дијалогот. САД сметаа дека Германија го поддржува Харадинај. Секој тука го oбвинyва секого, но продолжување на дијалогот нема – оцени Дачиќ.

Тој кажа дека е „видна промената во ставот на американската администрација, и тие сега сакаат да најдат решение, а во минатото сметаа дека тоа е решена работа, додавајќи дека Србија сака ревитализација на односите со САД“.

Дачиќ коментирајќи ја оcтавката на косовскиот премиер, изјави дека „тоа е тактички потег, од внатрешно-политички причини, со цел да го избрише Хашим Тачи и останатите, за да се престави како жpтва пред Судот за ОВК….и да победи на изборите“.

Тој одговарајќи на прашањето за влегувањето во изборниот процес во Косово и во Србија во март идната година, како и за идејата на францускиот претседател Емануел Макрон во Белград за продолжување на дилјалогот во септември во Париз, кажа дека до тој состанок „нема да дојде, доколку не се гарантира успехот на истиот и не са укинат таксите“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This