ДИЈАСПОРАТА БАРА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ТЕМЕЛКО: Македонците од дијаспората бараат итно и неодложно ослободување на Едмонд Темелко!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едмонд Темелко доби уште 30 дена  притвор и покрај неговата сериозно влошена здравствена состојба. Поддршка за единствениот македонски градоначалник во друга земја, пристигна од македонската дијаспора пред оваа одлука за продолжување на притвор.

ОМД изразува загриженoст за влошеното здравје на борецот за човекови права на Македонците, Едмонд Темелко

Соопштение на ОМД на 22.11.2017

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е сериозно вознемирена од веста за влошеното здравје на Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец, Албанија, кој во 2010 година ја доби Наградата за човекови права на ОМД и инсистира СЈО веднаш да побара отпуштање од притвор.

ОМД му испраќа најискрени желби за брзо оздравување на Темелко и му посакува цврта верба и истрајност во голготата што ја преживува.

Ја потсетуваме Македонската јавност дека за време на неговиот градоначалнички мандат, Темелко се има покажано како посветен борец за човековите права на македонското малцинство во Пустец, како и во останатите делови од Албанија, осигурувајќи дека истото е третирано со должна почит и достоинство. За време на неговата активност на албанската политичка сцена, Темелко се има покажано како столб на толеранцијата, плурализмот и еднаквоста на Македонците во Албанија. ОМД се надева дека Темелко ќе продолжи да ја извршува оваа функција уште многу години.

ОМД предупредува дека со селективниот пристап на Специјалното јавно обвинителство за двомесечниот притвор, се крши правото за не-дискриминација, и се надеваме дека на Темелко ќе му биде овозможен еднаков третман со другите обвинети, како и фер и транспарентен судски процес.

ОМД им се придружува на претседателите на Македонија и на Албанија, како и на македонските организации во Албанија и светот, кои изразија загриженост за здравствената состојба на Темелко.

Македонското друштво „Илинден“ бара итно ослободување на Едмонд Темелко

Соопштение на „Илинден“ 23.11.2017

Македонско друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, искажуваат огромна загриженост и вознемиреност за влошената здравствена состојба на Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец и претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ), кој се наоѓа во притвор во Македонија.

– Во име на сите Македонци бараме итно ослободување на Едмонд Темелко, еден од најголемите поборници за нашите права во Албанија. Во исто време апелираме до македонските институции итно да ги преземат сите потребни чекори за да помогнат да се дозволи потребната лекарска нега за Темелко, се наведува во соопштението.

Натаму се истакнува дека се придружуваат на претседателите на Македонија и на Албанија, Ѓорге Иванов и Илир Мета, кои веќе изразија загриженост за здравствената состојба на Темелко.

– Ваквата загриженост добива уште поголемо значење поради неговото апсење без никаква негова вина. Држењето во затвор на Едмонд Темелко го оценуваме за антимакедонско, со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Албанија, се оценува во соопштенето потпишано од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This