March 29, 2024, 12:26 am

ДИЈАСПОРАТА ГО КРЕВА ГЛАСОТ: Политичарите имаат должност да ги заштитат името и идентитетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Името на Македонија е длабоко врежано во сржта на нашиот идентитет и тоа е составен дел од нашата вековна борба за самоопределување и суверена независност, велат од ОМД.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) порачува дека македонските лидери имаат апсолутна должност да го почитуваат уставното име на Република Македонија и оти нема да го признааат, нити поддржат „заемното прифатливо решение“, ­ еуфемизам за промена на името, ниту напорите на кој било политички субјект во Македонија за спроведување референдум за прифаќање на компромисно име договорено на преговарачки стол.

Името на Македонија е длабоко врежано во сржта на нашиот идентитет и тоа е составен дел од нашата вековна борба за самоопределување и суверена независност. Тоа не е нешто за што смее да се преговара преку практична политика и дипломатија. Македонците во границите на сопствената држава, но и македонското малцинство што живее во Албанија, Србија,
Бугарија и Грција, заедно со нашата дијаспора, на глобално ниво, нема да прифатат апсолутно никаква промена, нити пак размена на нашето име и идентитет за членство во некоја меѓународна организација или сојуз – велат од ОМД.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This