April 19, 2024, 11:40 am

ДИЈАСПОРАТА ДОНИРАШЕ 116.000 ДОЛАРИ: Македонците во Канада на донаторски банкет собираа пари за одбрана на националните интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Викендов во соборниот храм на Македонската православна црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто, во организација на Светскиот Македонски Конгрес – Канада, Македонското меѓународно движење за човекови права, Организацијата Обединети Македонци -Канада и Здружението “Андон Лазов Јанев Ќосето“ во Торонто, обединети во Македонската координативна мрежа – Канада, како и македонските православни црковни општини и Македонската заедница во Канада се одржа Донаторски банкет.

На донаторскиот банкет беа собрани 116.000 CAN $. Македонската координативна мрежа – Канада упатува искрена благодарност до сите донатори за собраните средства. Посебна благодарност се уптаува на Крсте и Гордана Ивановски со фамилијата кои донираа 50.000 CAN $, Милчо Отас Ташев кој донираше 6.000 CAN $ и Славе Димитров со фамилијата кој донираше 5.000 CAN $.

Македонската координативна мрежа – Канада упатува голема благодарност до управата и послугата на соборниот храм на Македонската православна црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто, посебно до претседателот на управата Чедо Миленковски за големата поддршка и соработка во организацијата на Донаторскиот банкет.

Македонската координативна мрежа – Канада упатува искрена благодарност до претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров кој присуствуваше на Донаторскиот банкет и ги поздрави присутните со говор за актуелната политичка состојба во Македонија.

Голема благодарност до сите медиуми, бизниси и поединци кои помогнаа донаторскиот банкет да биде успешен, посебно на Васил Јанков од емисијата “Час на македонски корени“, Соња и Оливер Лозановски од “Македонски Весник“, Драгица и Мицко Димовски од “Радио програмата Обединета Македонија“, Победа Пискачева од емисијата “Македонско Издание“, Зоран Карапанчев Фотограф, и Славе Јанкуловски со “Квин Викторија паб“.

– Донаторската акцијата не запира тука, очекуваме уште донации, секој кој има желба да донира може да не’ контактира. Сите донации без разлика на донираната сума се многу важни и ценети. Донациите ќе се употребат за одбрана на македонските национални интереси, а сите заинтересирани ќе добијат отчет за употреба на средствата, – изјави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес – Канада, Боби Темелков.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This