ДИЈАСПОРАТА СЕ БОРИ ЗА СВОИТЕ ПРАВА: Дукоска од „Ние сме Македонија“ бара мобилни гласачки кутии за дијаспората

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Глобалната координаторка на непартиското движење „Ние сме Македонија“ од Вашингтон, Ана Дукоска, апелира до политичките партии за воведување мобилни гласачки кутии за дијаспората таму каде што нема македонски дипломатско-конзуларни претставништва.

„Понеделнички. Се изначитав деновиве разни тези и шпекулации во врска со гласањето на иселениците.

Едни држат став дека иселениците треба да гласаат, други негодуваат, а истовремено сите забораваат дека учеството на избори на иселениците им е гарантирано по Устав. ФАКТ!

Е сега, работата на партиите е да обезбедат услови (пристап до гласачко место) на секој иселеник. Но, прашањето е дали постои политичка волја и интерес за иселениците и Македонското национално малцинство во соседните држави?

Ние, Македонците кои живееме надвор од Македонија, имаме право да учествуваме во креирањето на иднината на татковината. Ние, Македонците кои живееме надвор од Македонија, не смее да служиме само за дополнителен прилив на средства во буџетот. Живеејќи во поразвиени земји од нашата, сме стекнале знаење и искуство и го нудиме истото за да и помогнеме на татковината.

Нема да мерам на кантар, која влада што направила за иселеништвото и за Македонското национално малцинство. Сите досегашни потфрлиле и не успеале да создадат трајна, стабилна и нераскинлива врска. Крајно време е да се унапреди врската помеѓу татковината, иселеништвото и Македонското национално малцинство.

Апелирам до сите политички субјекти во Македонија, да постигнат консензус за привременото понудено решение, т.е. мобилни кутии со што секој Македонец кој живее во област каде нема ДКП, ќе му биде овозможено да гласа, регулирано со разумен праг за престојните предвремени парламентарни избори. Да потенцирам, мобилните кутии се привремено прифатливо решение. Од новата влада барам да изнајде трајно решение за електронско гласање за следните избори во иднина.

Дополнително, барам од следната влада, (со оглед на тоа што оваа во заминување не направи ништо за иселениците), да формира ресорно Министерство за иселеништво и Македонско национално малцинство. Ниту министер без ресор, ниту Агенција за иселеништво, моментално ги задоволува потребите на иселениците и Македонското национално малцинство. Се што ни треба е една функционална институција, т.е. ресорно Министерство за иселеништво и Македонско национално малцинство, предводено од одлични познавачи на иселеништвото, т.е. иселеници.

Иселениците и Македонското национално малцинство во соседните држави, се нераскинлив дел од Македонија. Ниту ние без неа, ниту таа без нас. Само со здружен ум, капацитет и ресурси ќе створиме достоинствен живот во Македонија за сите.

#иНиеСмеДецаНаМакедонија “, објави на Фејсбук македонската активистка од САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This