ДИЈАСПОРАТА ЌЕ ПРОТЕСТИРА ВО БРИСЕЛ: Семакедонски протест пред седиштето на Европската комисија на 19 мај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските заедници во Германија, Швајцарија, Данска, Австрија, Франција, Италија, Австрија, Шведска, Холандија, Луксембург и Белгија на 19 мај 2018 година, организираат голем Семакедонски протест во Брисел, Белгија, на Плоштадот Square de Meeus, со почеток во 15 часот. Семакедонскиот протест ќе продолжи пред седиштето на Европската Комисија.

Македонците во Европа бараат: Безусловен крај на разговорите за промена на името на државата и идентитетот на нацијата; Безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија; Отфрлање на Законот за употреба на јазиците; Поништување на Договорот Заев-Борисов; Помилување на сите притворени и затворени во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година; и итно помилување и ослободување од домашен притвор на Едмонд Темелко.

Македонците во Европа и во светот бараат Претседателот на Републиката да достави: (1) Нота до Генералниот секретар на Обединетите Нации со која огласува безусловен крај на разговорите за разликата во врска со државното име со Владата во Атина и изразува благодарност на специјалниот пратеник Метју Нимиц за досегашниот ангажман, и (2) Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Организацијата на Обединетите Нации и сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија (соодветно на ирската формула: Република Ирска и Обединето Кралство Велика Британија и Северна Ирска), без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонците и Македонскиот јазик на англиски јазик Macedonians и Macedonian language, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат до денес!

Македонците во Европа и во светот во апсолутно мнозинство отфрлаат пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација!

Од Семакедонскиот протест ќе биде упатена Резолуција до Европската Комисија со барање за крај на притисоците од ЕУ и НАТО за промена на името на државата и идентитетот на нацијата.

Македонците во Европа отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This