Диџејка (83) и гимнастичарка (84) ѕвезди во Гинисовата книга на рекорди 2019

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гинисовата книга на рекорди за 2019 година веќе може да се најде во продажба низ светот. Уште еднаш, оваа голема книга, со големи соништа, претставува збирка на неверојатни достигнувања, фантастични подвизи и чудни таленти.
Многу храна и интересни колекции има и во изданието на книгата со рекорди за 2019 година, а годинава од Гинис одеа подалеку од рекордните титули, навлегувајќи во личноста на самите рекордери за да се открие што е она што ги поттикнало да станат официјално неверојатни, бележат од Гинисовата книга на рекорди.

Меѓу ѕвездите на изданието за 2019 година е и Сумико Ивамуро, позната како диџеј Сумирок. Оваа жена има 83 години и 130 дена. И, иако многумина би рекле дека на таа возраст забавувањето е завршено, тоа не важи за Сумирок, која пуша музика во ноќен клуб во Токио. Со тоа жената го заработи Гинисовиот рекорд за најстар професионален клубски диџеј.

Осумдесет и четиригодишната Бети Годхарт пак го држи рекордот за најстара изведувачка на летечки трапез која што се уште настапува. Бети е поранешна професионална во лизгање на мраз. Оваа жена секогаш била активна и имала желба да настапува на трапез уште како дете, но немала шанса се до својата 78-ма година.

Image by Grafic House – www.grafichouse.co.uk – 07903809884
Quatro Gymnastics, 2012

– Овој рекорд на мене многу ми значи. Зачудена сум што успеав. Забавно е да се прави невозможното – изјавила Бети Годхарт.

Бери Џон Кроув е човекот кој за 2019 година го држи рекордот за најголем број на колбаси произведени во една минута – 78. Од својата десетта година Бери прави колбаси во продавницата на неговиот татко во Каван, Ирска, што е нивен семеен бизнис веќе 43 години. Тој освојувл награди за своето производство уште од 13 години и направил рзлични вкусови на колбаси.

– На луѓето имам само ова да им го кажам: Обидете се. Ако чувствувате дека може да срушите светски рекорд, направете го тоа! – истакнал Бери.

Гинисовиот рекорд за најголеми игли за плетење (4,5 метри) и припадна на Елизабет Бонд, којашто студира уметност во Британија. Љубовта на Елизбает за креирање на невообичаени работи започнала од мали нозе, а потткната била од проектите „направи сам“ на нејзината мајка.

– Отсекогаш имав желба да бидат креативна и да дизјанирам и да создавам работи. Нашата мајка нонстоп не охрабруваше нешто да креираме и да градиме – посочила рекордерката.

Извор: Слободен печат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This