Диpeктopoт на тoкcиkoлогиja: 55 дeцибeли e oдличнa aнти-koвид мepка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многумина останаа зачудени како може ограничувањето на јачината на звукот на музиката во кафулињата да биде анти-ковид мерка.

Едно мало појаснување, 55 db. е приближната јачина на говорот и од утре се надевам дека сите ќе може мирно да спиеме.

Но да се вратам на темата. Има неколку начини на кој оваа мерка може директно и индиректно да влијае на намалување на ширењето на вирусот.

1. Гласната музика, Ве тера да зборувате погласно за да бидете слушнати, а при гласното зборување или викање се исфрлаат многу подалеку Флигеовите капки, преку кои се шири вирусот.

2. Гласната музика Ве тера да се доближите многу поблиску до соговорникот за да може да се разберете.

3. Гласната музика го оневозможува комуницирањето преку заштитните маски, кое е отежнато и при нормална бучност.

4. Гласната музика делува стресогено за организмот, а една од манифестациите на оваа стресогена реакција се продлабочени респирации, поради што дополнително подалеку се исфрлаат Флигеовите капки.

А за стресот и нервозата од непреспиените ноќи и тормозењето со шунд турбофолк на сите соседи и околни станари друг пат.

(статус на Фејсбук на лекарот Нино Беќаровски)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This