Дневен хороскоп за недела, 31.03.2019

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска е недела и Марс влегува во знакот на Близнаци, каде ќе биде се до средината на мај. Ова е период на нагласено отсаство и престој во самиот себе, па е потребно на време да си дојдете на себе, да се освестите, дисциплинирате, а астролозите советуваат, со тек на време,„да ја спуштите топката“.
Не практикувајте повеќе работи одеднаш, се ќе биде површно изработено.

Бавниот ритам на работа држете го под контрола и се ќе биде во ред.

Овен

Работа
Некој се обидува да ви наметне строги деловни правила, но вие имате различни приговори. Не ви се допаѓа командниот тон на кој ви се обраќа постар човек.

Љубов
Не брзајте, туку почекајте вистината да излезе. Вешто ги криете вашите чувства и сакате да оставите одреден впечаток на блиска личност.

Здравје
Резервирајте ги вашите вечерни часови за вашиот свет на интима.

Бик

Работа
Ако се најдете во вистинскиот момент и на вистинското место,ве очекува деловна победа или јавно признавање. Бизнис успехот произлегува од добра подготовка. Потребни ви се проверени информации.

Љубов
Важно е да делувате волшебно на вашиот партнер. Бидете сигурни дека ќе го потврдите вашиот добар вкус и вистинската мерка на вредност при изборот.

Здравје
Чувајте добро расположение.

Близнаци

Работа
Средбата со една личност за вас е интригантна, и затоа не можете да ги прикриете своето расположение и загриженоста. Ако ви треба нечија поддршка, немојте да се колебате.

Љубов
Во еден љубовен дијалог партнерот не сака лесно да се откаже од плановите што ги има. Но, некој мора прво да попушти. Бидете мудри.
Здравје
Ќе ви годи психо-физичка релаксација.

Рак
Работа
Обрнете внимание на нечија порака или предупредување. Не дозволувајте потребата за доминација на состанокот со соработниците кај вас да доминира.

Љубов
Ве следи емотивен немир. Најблискиот постојано ви задава дополнителни проблеми и поставува нови љубовни ребуси пред вас.

Здравје
Треба да се ослободите од дополнителен притисок.

Лав
Работа
Интуитивните сигнали ве предупредуваат за потенцијалната опасност и затоа бидете повнимателни во друштво на непознати соработници.Оддалечите се од личноста која не се грижи премногу за вашите бизнис интереси.

Љубов
Намалете ги вашите почетни критериуми. Ќе ви годи средбата со една личност која за момент може да ве повлече во светот на чудесна романса или нежност.

Здравје
Применувајте некои од техниките на психолошка релаксација.

Девица
Работа
Состанокот со едно лице открива важни детали, а заедничкиот договор претставува добар предзнак за деловна соработка. Треба да направите одлучувачка акција.

Љубов
Ако сакате да ги израдуватеа семејството или саканата личност, променете ги своите воспоставени навики. Бидете доволно имагинативни и инспиративни во секој поглед.

Здравје
Вие сте во одлична форма.

Терезија
Работа
Поддршката на некој е корисна во различни ситуации. Обрнете внимание на новите информации кои покажуваат добри можности за деловна соработка. Важно е да се формираат нови вредности.

Љубов
Не дозволувајте некој да ве спречува во вашата волја или правото на избор. Вие заслужувате подобар љубовен третман отколку што некој се обидува да наметне на вас.

Здравје
Релаксација или престој во природа ќе ви помогне.

Скорпија
Работа
Обидете се да бидете тактички пред лицето кое го игнорира вашето присуство или професионални способности. Ако постои деловно недоразбирање, важно е да се зачува присебноста на духот.

Љубов
Нема причина премногу да се издвојувате во нечие друштво. Најблискиот не сака да и наметнувате свои правила или ставови.

Здравје
Ќе ви годи весела содржина за добро расположение.

Стрелец
Работа
Имате добро претчувство во бизнис оценувањето и затоа, со голема нестрпливост, чекате средба или разговор со влијателна личност. Важно е правилно да ги потенцирате вашите способности.

Љубов
Поттикнете кај себе емоционална инспирација и смисла за добар вкус. Препуштете се на вашите чувства и страсти.

Здравје
Вие сте во одлична форма.

Јарец

Работа
Важно е да се задржи самоконтролата пред лице кое има негативно влијание врз вашето расположение или однесување. Треба да имате доволно мудрост да се спротивставите на нечија арбитрарност.

Љубов
Нови изливи на љубомора или емоционална видливост делуваат иритирачки за некој близок. Променете го вашето несоодветно однесување.

Здравје
Избегнувајте конфликтни ситуации.

Водолија
Работа
Зборовите на некој се одлично охрабрување или поддршка за вас во бизнисот со кој се занимавате. Бидете сигурни дека ќе ги остварите вашите бизнис намери во различни насоки.

Љубов
Покажете дека имате софистицирани манири и шарм. Важно е да направите позитивен впечаток на личноста која ја сакате.

Здравје
Планирајте патување или прошетка. Ќе се опуштите.

Риби

Работа
Ви се нудат нови идеи за деловна соработка. Вие сте делумно воздржани, бидејќи вашиот избор произлегува од договор со постара личност. Повторно преиспитајте ја меѓусебната доверба.

Љубов
Не ги спречувајте вашето семејство или партнерот да се забавуваат. Покажете повеќе слух за нечиј емоционален интерес.

Здравје
Поттикнете кај себе поведар дух.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This