Дневен хороскоп за сабота, 07.12.2019

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И’ денес добрата енергија која завладеа вчера, Месечината во Овен и денес ни испраќа добри вибрации, и не губете време, препуштете му се на прекрасниот декември, месецот на магија и среќа, направете се’ за да грдите работи ги оставите зад себе, бидете вредни и завршете го започнатото и ветеното, бидејќи денес сте полни со енергија за тоа.
Ви го посакуваме секое добро!

Овен

Работа
Откривте дека колегите направиле повеќе грешки и вашите постапки се многу остри. Немојте да се расправате, туку направете нешто што ќе биде од повеќекратна корист.

Љубов
Драга личност не ве разбира најдобро, па отворено и со разбирање објаснете какви намери имате, и сè ќе биде убаво.

Здравје
Стабилно.

Бик
Работа
Сакате да се истакнете во колективот и да им објасните на сите што планирате. Но, не очекувајте сè да биде по ваше – бидете подготвени на договор.

Љубов
Вие претерано ги искажувате своите чувства, се грижите за вашите постапки за да не дојдете во ситуација некој да страда од вашите невнимателни постапки. Повлечете се ако видите дека може да дојде до расправија.

Здравје
Можност за настинка.

Близнаци

Работа
Среќни сте со деловните потфати кои се на повидок. Многу е добро што имате шанса кога станува збор за работа.

Љубов
Во емотивните односи може да дојде до недоразбирањ. Драгата личност е незадоволна и ви дава до знаење а вие не се снаоѓате најдобро.

Здравје
Добро се чувствувате.

Рак

Работа
Тековната состојба на работа придонесува за вашето лошо расположение. Некој близу вас не ја работи својата работа како што треба, и ова води до проблеми. Не треба премногу да се расправате.

Љубов
Сакате да ги знаете тајните планови на саканата личност. Драгата личност ве занемарува на некој начин и изгледа замислено.

Здравје
Нервозни сте.

Лав

Работа
Некои од влијателните колеги ги забележале вашите способности, иако сè уште треба уште многу нешта за да ви овозможат да го реализирате она што сте го замислиле.

Љубов
Покажете дека сте доблесни и спречете безопасни работи да создадат расправија помеѓу вас и личноста што ја сакате. Сè може да се постигне со доволно труд.

Здравје
Проверете ја крвната слика.

Девица

Работа
Забележавте дека некои деловни потфати се започнати на лош начин и дека имало некои колеги на кои не би можеле да им верувате. Потпрете се на вашиот принцип на работа и на тој начин надминете го проблемот.

Љубов
Бидете искрени со личноста што ја сакате и не одложувајте го тоа што го ветивте. Секоја мала работа ќе значи многу за некој близок.

Здравје
Добро се чувствувате.

Терезија

Работа
Што се однесува до вашите идеи, тие се добро осмислени на прв поглед, но колективот сака да продолжи по старо. Колегите не се подготвени за нов начин на работа. Солидарноста е неопходна за добробит на сите вас.

Љубов
Загрижени сте за некои нејаснотии во љубовта. Изгледате скептично. Некој знак можете погрешно да го протолкувате и на тој начин да бидете во заблуда.

Здравје
Проблеми со синусите.

Скорпија

Работа
Ако до вас пристигнуваат предлози дека можете да ги промените тековните побарувања за пари поврзани со работата,размислете пред да донесете конечна одлука за да не направите грешка.

Љубов
Вие сте вознемирени и делувате импулсивно без причина, што не е добро. Од друга страна, личноста што ја сакате е поприсебна.

Здравје
Проблеми со грбот.

Стрелец

Работа
Вие сте загрижени за работата и го барате најдобриот начин да ја завршите во ваш најдобар интерес. Соочете се со оние лошите што ги предизвикале вашите грешки.

Љубов
Изгледате вознемирено и се плашите од нечии постапки. Всушност, се плашите да не бидете повредени во љубовта повторно, но сакате тоа да го заржите на себе.

Здравје
Добро се чувствувате.

Јарец

Работа
Ако направите добар избор и се одлучите за вистинскиот деловен договор, среќата ќе биде на ваша страна. Прво, треба да размислите одговорно – кој колега да го поддржувате и на кој бизнис да се приклоните.

Љубов
Ненадејно повеќе обрнувате внимание на вашата драга личност од вообичаеното, па ова е сомнително, иако нема Здравје
Проблеми со забите

Водолија

Работа
Вие сте заинтересирани за деловен потфат во кој досега немате искуство. Слушајте го вашето „шесто сетило“ и бидете однапред подготвени за нови настани.

Љубов
Личноста што ја сакате изгледа срамежлива и вашето однесување и е нејасно, нема да бидат задоволна со вашето површно убедување дека сè е во ред.

Здравје
Спијте повеќе.

Риби
Работа
До вас допираат најновите сознанија за потенцијалните можности за соработка и тоа ве прави среќни, како што забележаат другите. Сфаќате дека на почетокот сте љубезни пред колегите, вие сте сигурни во себе, па имате голема шанса да успеете.

Љубов
Што се однесува до љубовните врски, време е за нежност и малку поголема флексибилност. Изненадете ја личноста што ја сакате со нешто ново и невообичаено. Нека советите од добрите луѓе ви помогнат.

Здравје
Главоболка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This