April 19, 2024, 11:02 pm

Дневен хороскоп за среда,27.03.2019

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска Венера прави секстил со Уран, додека Месечината влегува во знакот на Јарец и прави тригон со Уран, така што денешниот ден, иако се заканувал да биде обоен со ладно поради присуството на Јарец, тоа сепак нема да се случи. Ова е една возбудлива низа на аспекти кои донесуваат радост и повикуваат на будење. Во секој од нас се крие авантуристичкиот дух, а денеска е во центарот на вниманието. Ќе има тука идоста љубовни искрички…Здодевноста е крајно непожелна!

Овен

Работа
Соработниците делуваат позитивно на вашето расположение, имате доволно енергија за да се вклучите на различни страни. Чувството за деловна афирмација и успех треба дополнително да ве мотивира да преземете акција и позитивни промени во вашиот приватен живот.
Љубов

Ако сте слободни, планирајте љубовна средба или некое излегување во друштво. Ќе ви годи романтична забава за двајца. Уживајте во убавите работи.

Здравје
Проблеми со синусите.

Бик

Работа
Ви се допаѓаат вашите деловни идеи, но сé уште не сте сигурни за конечниот исход. Смислено го одлагате моментот за официјална изјава пред вашите соработници и оставате отворена опција за дополнителна проверка.

Љубов
Нема причина да се сомневате во вашите емотивни намери затоа што ви недостасуваат сите информации. Не ги потиснувајте вашите чувства во друштво на личност која добро ја познавате.

Здравје
Земајте витамини.

Близнаци

Работа
Се обидувате да го наметнете вашето влијание врз соработниците. Сепак, постојат некои ситуации кои изгледаат дека го надминуваат вашето професионално искуство.

Љубов
Ве радува нечие однесување и искрениот гест на внимание кое ви се упатува. Партнерот може да ве расположи на вистински начин или да ве ослободи од прекумерни грижи.

Здравје
Добро се чувствувате.

Рак

Работа
Вие се грижите за решавање на новите недоразбирања, но немате доволно доверба кај одредени соработници. Понекогаш вистината и правдата доаѓаат со одредено одложување, нема причина да се изгуби верата во личниот успех.

Љубов
Користете ги вашите заводливи манири и не дозволувајте некој индиректно да ве држи во сенка. Покажете дека имате силна волја и некои скриени способности кога е тоа најпотребно.

Здравје
Корегирајте ја исхраната.

Лав

Работа
Некој ги потврдува вашите очекувања во деловната соработка. Сепак, немојте да бидете премногу лекомислени пред разните соработници, бидејќи нечии зборови не се доволна гаранција за подолг временски период.
Љубов
Вие делувате заводнички и привлечно за вашата околина. Среќата е на ваша страна, се додека постои заедничка желба да се зачува емоционалната блискост.

Здравје
Хронична болка.

Девица
Работа
Некој ги потврдува вашите очекувања во деловната соработка. Сепак, немојте да бидете премногу лекомислени пред разните соработници, бидејќи нечии зборови не се доволна гаранција за подолг временски период.

Љубов
Вие делувате заводнички и привлечно за вашата околина. Среќата е на ваша страна, се додека постои заедничка желба да се зачува емоционалната блискост.

Здравје
Хронична болка.

Терезија

Работа
Големата издржливост во овој момент не носи сосема позитивен ефект во средбата со соработници, па поради тоа променете ја вашата оригинална тактика. Треба да ги докажете своите намери, но и да одржите добар деловен однос.

Љубов
Вие не може лесно да ја убедите саканата личност да го промени своетомислење или одлука за некои заеднички планови што ги имате.

Здравје
Можна температура.

Скорпија

Работа
Имате добри идеи и реална проценка, но немате доволно очекувана поддршка во кругот на соработници. Некој поставува погрешни прашања или има различни деловни интереси.

Љубов
Сакате да ги разберете емоционалните намери на некој, но постојат различни сигнали кои ве збунуваат и оставате невообичаен впечаток што не можете лесно да го протолкувате.

Здравје
Дорбо се чувствувате.

Стрелец

Работа
Некој индиректно ве предупредува да го промените своето однесување, но не му придавате особено значење на лицето со кое немате заеднички бизнис интерес.

Љубов
Внимателно размислете за нечии зборови кои делуваат многу добро. Нема потреба да ја избирате погрешната улога или да го испровоцирате вашиот партнер на новите ривалски односи.

Здравје
Проблеми со кожата.

Јарец

Работа
Вие сте разочарани од нечие однесување и тоа ви дава за право, да прегледате заеднички договор или вашата улога во деловната соработка. Нема причина да правите избрзани одлуки.

Љубов
Постои добра причина да се прифати нечиј повик за средба или излегување што ќе ви годи. Обидете се да израдувате некој близок во духот на некои необични идеи.

Здравје
Контролирајте го притисокот.

Водолија

Работа
Сте се вплеткале во различни ситуации кои ги надминуваат вашите знаења или практично искуство. Најдобро е да се дистанцирате од нешто што може да ви предизвика нов срам.

Љубов
Треба да ја прифатите вистината или другата страна на медалот што ви се допаѓа помалку. Нема причина да одлагате состанок со едно лице или она што е неизбежно.

Здравје
Чувај го грлото.

Риби

Работа
Животната средина реагира позитивно на вашите идеи и некој ве поттикнува да играте активна улога или да создадете дополнителна креативност. Важно е да не ги изложите бизнис идеите без добра причина.

Љубов
Понекогаш во романтична врска посакувате повеќе отколку што можете да добиете, но нема причина да се жалите на некој близок. Прифатете се’ што добивате.

Здравје
Добро се чувствувате.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This