Дневен хороскоп за четврток, 29.08.2019

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овој четврток Меркур влегува во знакот на Девица каде ќе престојува скоро до половината на септември. Овој знак е средиште на Меркуровата егзалтација, и акцентот е даден на интелектот, сериозноста, предаденоста и практичните решенија.
Организацијата, реалното согледување на работите како и потребата за реставрација на некои животни полиња се проследени со своевидна изолација, потребата некои работи во мир да се доведат во ред, после што ќе бидете доста посмирени и порасположени за дружење.
Ви посакуваме успешен ден!

Овен

Работа
Ако не разбирате нечија постапка, побарајте дополнителни објаснувања. Не го предвидувајте она што е неизвесно. Порано или подоцна работите може да се искомплицираат за вас.
Љубов
Јасното незадоволство на партнерот зборува за заедничкото расположение низ кое минувате или можеби за нови емотивни грижи.
Здравје
Добро се чувствувате.

Бик
Работа
Делувате нерасположено затоа што некој очекува да прифатите по малку сервилна улога или да се придржувате до утврдените правила во деловната соработка.

Љубов
Во моментов премногу ги форсирате вашите потреби и некои ситуации во љубовната врска. Вашиот партнер можеби нема да може целосно да го следи вашиот забрзан ритам.

Здравје
Проблеми во грлото.

Близнаци

Работа
Пристојноста ви налага да бидете воздржани пред постара личност и да не се вклучите во поширока дискусија со своите соработници.

Љубов
Ако не знаете најдобро нечии емотивни намери, бидете подискретни и воздржани во вашите реакции.

Здравје
Не сте во кондиција.

Рак

Работа
Ако се грижите да решите некое деловно недоразбирање со одредени соработници, бидете внимателни и не дозволувајте некој друг да зборува во ваше име. Проценете кога треба да ја преземете контролата.

Љубов
Потребно е со повеќе детали и на поодобар начин да и објасните на вашата сакана личност зошто понекогаш изгледате премногу замислено.

Здравје
Можна температура.

Лав

Работа
Некој ви е наклонет и има позитивно влијание врз вашите деловни планови. Ако сте доволно ефикасни, ќе имате нова добивка или некакво морално задоволство. Не пропуштајте добра можност.

Љубов
Само позитивен потстрек или внатрешен импулс е доволен за да почувствувате одличен емотивен занес што ве приближува до вашата сакана личност.

Здравје
Добро се чувствувате.

Девица

Работа
Важно ви е да го прикриете вашиот моментален неуспех или психолошка неподготвеност и поинтензивно да се посветите на одредена задача. Сепак, вашиот израз на лицето кажува доволно за вашето расположение.

Љубов
Не дозволувајте некој да се повикува на вашите ветувања што остануваат нејасни и неразбирливи. На време расчистете нови емотивни недоразбирања.

Здравје
Вие сте нервозни.

Терезија

Работа
Нечии изјави или потврда од вашите соработници ве поддржуваат. Важно е да бидете во чекор со вашите деловни планови. Прифатете неколку корисни совети и избегнувајте популарни инстант рецепти.

Љубов
Ве очекува позитивен пресврт на настаните во приватниот или семејниот живот.Саканата личност ќе се премисли, на ваша голема радост.

Здравје
Земајте витамини.

Скорпија
Работа
Некој може да ве доведе во заблуда или на лош избор. Затоа, бидете претпазливи во врска со личноста која има двојни стандарди и се обидува да ги ограничи вашите деловни можности.

Љубов
Сепак, не можете да ги одржите сите настани под строга контрола во однос на вашата сакана личност. Слободно верувајте му на вашиот партнер за да направи заеднички избор.

Здравје
Слаба циркулација.

Стрелец

Работа
Личното достоинство или голема гордост не ви дозволуваат да прифатите нечија практична помош. Но, исклучивоста во мислењето создава нова заблуда.

Љубов
Саканата личност во дух на добри намери се обидува да ја смири заедничката напнатост или да ви даде некои нови и интересни идеи.

Здравје
Добро

Јарец

Работа
Преокупирани сте со различни обврски и тоа има негативен ефект врз вашата концентрација. Затоа, не дозволувајте другите да ви наметнуваат различни обврски.

Љубов
Важно е да делувате доволно убедливо пред вашата сакана личност. Некој одеднаш ви поставува нејасни прашања што можат да се толкуваат многу поинаку.

Здравје
Одлично се чувствувате.

Водолија

Работа
Некој не одговара на вашите барања и ова дополнително го отежнува деловниот аранжман и очекувањата што ги имате. Избегнувајте какво било претерување што ја нарушува атмосферата во соработката.

Љубов
Некој ве плени со својот неодолив шарм и однесување. Треба да ги елиминирате сите емоционални недоумици. Понекогаш сè е многу поедноставно отколку што изгледа.

Здравје
Не сте во кондиција.

Риби

Работа
Кога подобро ќе ги усогласите вашите духовни интереси со практичните цели, ве очекуваат позитивни резултати. Понекогаш само на работите гледате само од розова перспектива.

Љубов
Некој ве убедува да донесете важна емотивна одлука. Вие не можете да ја негирате вашата одговорност кон некој близок.

Здравје
Добро се чувствувате.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This