Дневен хороскоп за 25. ноември 2018 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Работа: Доколку денеска вашиот ден е работен, вие барате соработници. Немате премногу време да се оддалечувате на локации кои не ви се на дофат.

Љубов: Семејството е заедно. Партнерот и вие денеска одлично соработувате.

Здравје: Намалете го внесот на брза храна.

БИК

Работа: Комуникацијата мора да се засили со сите колеги. „Наоружајте“ се со аргументи.

Љубов: Магична личност од странство може да ве заинтересира. Тие кои се во врска ги очекува долг и тежок разговор.

Здравје: Нервоза влијае на вашиот нервен систем. Медитирајте.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Правете шанса да се свртите кон нова работа. Пишување, издаваштво би можело да тргне кон своето освојување.

Љубов: Врските кои се стабилни ќе останат така. Оние кои се „нишаат“ ќе пробаат да ги смират страстите.

Здравје: Избегнувајте ги сите работи кои ќе ви донесат воспаление.

РАК

Работа: Добра комуникација со друг Рак. Одлично се разбирате и поддржувате, и давате корисни совети еден на друг.

Љубов: Романтична средба. За почеток само разговор.

Здравје: Добро се чувствувате.

ЛАВ

Работа: Се занимавате со себе си, со својата внатрешност. Не е потребно да се истакнувате премногу.

Љубов: Тешко ви е да зборувате за емоциите или сте се заљубиле во личност која е многу млада од Вас, па не сте во состојба тоа да го кажете.

Здравје: Понекогаш барате причина да бидете болни. Намалете ја хипохондријата.

ДЕВИЦА

Работа: Имате преголема одговорност за другите. Дали тие ги ценат доволно вашите напори?

Љубов: Емотивни блокади, кочници… Ако воспоставите отворен разговор со саканата личност, тогаш полесно ќе ги избегнете несогласувањата во врската.

Здравје: Важно е да ја одржите самоконтролата.

ВАГА

Работа: Одличен ден за кариера, популарност, пари. Немојте да ја пропуштите шансата да се покажете во најдобро светло.

Љубов: Полни сте со сјај. Ново познанство е пред вас, доколку сте сами.

Здравје: Одлично.

ШКОРПИЈА

Работа: Започнете го денот со важни соработници. Имате големи шанси за добар договор.

Љубов: Партнерот бара повеќе нежност, внимание. Вие го запоставувате поради работа.

Зддравје: Чувајте ја кичмата. Многу работите, се трошите.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Размислувате за големи пари кои морате да ги заработите. Пред вас е работа која ви носи задоволство и зголемување на буџетот.

Љубов: Бидете трпеливи ако ја сакате личноста која ви се допаѓа. Тоа е личност околу која морате добро да се потрудите.

Здравје: Притисокот ви варира.

ЈАРЕЦ

Работа: Очекувате од една млада личност во знакот на Рак да ви помогне. Имате добра соработка и со Близнаци. Можете да се надевате на пари.

Љубов: Партнерот ви е на прво место, и затоа ќе уживате во љубовта.

Здравје: Не сте претерано загрижени.

ВОДОЛИЈА

Работа: Користете ја својата внатрешна сила, интуиција да напредувате. Имате средба со клиенти кои доаѓаат од Северна Америка.

Љубов: Добра шанса за сите слободни Водолии е личност која има развиена харизма за говорник.

Здравје: Морате да се грижите повеќе за своето здравје. Често ви паѓа имунитетот.

РИБИ

Работа: Можете да се препуштите на соработниците. Оние се во овој момент тие кои имаат повеќе сила, енергија да се носат со задачите.

Љубов: Добар дел од денот ќе го минете сами, вечерта ве очекува подинамичен дел. Сакате ноќни забави.

Здравје: Избегнувајте енергетска храна, особено навечер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This