April 24, 2024, 12:52 pm

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Пријатно изненадување за Близнаците, можност за добивка со игри на среќа за Шкорпијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овен (21.03 – 20.04)

Имате потреба да доминирате. Ве очекува едно убаво патување, а што е уште поубаво ќе бидете во пријатно друштво. Ве очекуваат промени во вашата куќа и кариерата. Добро изгледате и добро се чувствувате, единствено ви е потребна мала релаксација.

Бик (21.04 – 21.05)

Ве очекува важен разговор со претпоставениот. Финансиската ситуација ќе ви биде релативно стабилна. Аспектите покажуваат дека сте насочени кон средување на домот или пак размислувате за преселување. На емотивен план, чудни задоволства.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе бидете многу пријатно изненадени од веста која ќе ја добиете од соработниците. Меѓутоа, тоа не е се, бидејќи во текот на заедничката работа најверојатно ќе развиете и некои чувства меѓу вас. Не донесувајте нагли одлуки. Преосетливи сте на критики.

Рак (22.06 – 22.07)

Свесни сте дека секоја промена ви одговара. Доколку бидете во ситуација да потпишувате некои документи, не правете ништо непромислено и посоветувајте се со некој кој е стручен за тоа. Ве очекуваат емотивни проблеми.

Лав (23.07 – 22.08)

Манипулативни сте и ќе успеете едно лице да го искористите за да ги остварите своите замисли. Љубовта не е на ваша страна, избегнувајте кавги и расправии. Понекогаш е подобро да бидете сами. Осцилирачки крвен притисок.

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе добиете понуда за партнерство, сепак ви се советува најпрвин добро да ги проверите сите информации. Можна е измама. Постои можост со партнерот да заминете на некој пат, каде ќе го надокнадите загубеното.

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекуваат помалку непријатности на работното место. Водете сметка за секој изговорен збор. Ќе бидете склони при изборот на партнерот, поголемо значење му придавете на физичкиот изглед отколку на другите важни вредности. Потребно е да направите систематски преглед.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате потреба да бидете во центарот на случувањата и за се да бидете известени. Не им се препуштајте на брзите импулси и непромислените одлуки. Партнерот може погрешно да ве разбере. Можни се проблеми со дишните органи.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Обидете се во игрите на среќа, можна е добивка. Физичката привлечност и страст е нешто што за вас ќе биде примарно при изборот на идеален партнер. Можно е да ја раскинете врската и веднаш да влезете во нова. Склони сте на настинки и осетливо ви е грлото.

Јарец (22.12 – 20.01)

Често влегувате во судири со колегите. Суетата не ви дозволува да го прифатите својот дел од вината. Партнерот не го разбира вашето однесување. Научете да го цените она што го имате. Склони сте на прекумерна исхрана.

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколку донесете некои важни одлуки, прво добро размислете. Можни се промени на емотивен план. Повозрасните може да oчекуваат промени во врска со децата, всушност во односот со нив. Можно е да ви се појави проблем со крвниот притисок.

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекува помош од колегите со кои немате многу контакти. Со оглед на тоа дека љубовта ви е важна, ве очекуваат радости и љубовни состаноци. Добро изгледате и добро се чувствувате, единствено ви е потребно мало опуштање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This